Развојната банка пласираше нови 42,2 милиони евра во домашните компании

- Advertisement -

Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје денеска ја повлече втората транша во износ од 42,2 милиони евра за мали и средни компании од заемот од Европската инвестициска банка. Со оваа транша, како што информираат од банката, е предвидена поддршка на 132 проекти на домашни мали и средни компании и средно-пазарнокапитализирани компании кои ќе вработат нови 373 лица.

Од траншата, најголем дел на средствата се наменети за компании во сегментот на трговијата и производството (16,4 милиони евра). Компаниите ги користат средствата од кредитната линија преку матичните комерцијални банки, за заеми за тековни средства со каматна стапка до 1,6%.

- Advertisement -

Заедно со првата транша се повлекоа вкупно 59 милиони евра за 182 компании, кои ќе вработат нови 463 лица.

-Со овој заем кој РБСМ го склучи со ЕИБ во 2021 година, се обезбедија 100 милиони евра по поволни услови, како директна поддршка на малите и средни компании и средно пазарнокапитализирани компании. Преку заемот, се поддржуваат домашни компании од трудоинтензивните дејности како производство, туризам и услуги, за брзо закрепнување од КОВИД-19 кризата. Заемот од ЕИБ ќе им помогне на компаниите да обезбедат континуитет на деловните процеси и задржување на работните места, а истовремено да ја зголемат својата продуктивност и да ги прошират деловните активности, укажуаваат од Развојната банка.

Сподели!
- Advertisement -