Најбогатите луѓе во светот во 2021 година заработиле 402 милијарди долари

- Advertisement -

Десетина најбогати луѓе во светот во 2021 година стекнале уште дополнителни 402 милијарди долари, пишува Bloomberg. Од нив најмногу заработил Илон Маск, кој годината ја започна со 156, а ја заврши со 277 милијарди долари, покажува Индексот на милијардери на Bloomberg. Заработката на Маск лани е помала од 140 милијарди долари кои ги заработи во 2020 година, но доволна е за да стане најбогат човек во светот.

Зад него е Џеф Безос, сопственикот на Amazon, кој во 2022 година влезе со 190 милијарди долари. Тоа е само 4,5 милијарди долари повеќе отколку во 2021 година.

- Advertisement -

Сопственикот на Facebook, Марк Цукерберг, минатата година се збогатил за 25 милијарди долари, па сега има 128 милијарди долари. Основачот на Microsoft, Бил Гејтс, минатата година ја започна со 139, а ја заврши со 132 милијарди долари затоа што изгуби голем дел од богатството во разводот од сопругата Мелинда Гејтс.

Соосновачот на Google, Лери Пејџ, во 2021 година додаде 47 милијарди долари на својата сметка со 83 милијарди долари. Неговиот колега, Сергеј Брин, исто така се запиша на оваа листа заработувајќи дополнителни 45 милијарди долари, со што богатството му се зголеми на 125 милијарди долари.

- Advertisement -

На американските милијардери кои лани си го зголемија богатството им се приклучува и Французинот Бернар Арно, сопственик на најголемата компанија која тргува со луксузни производи. Тоз лани заработил дополнителни 61 милијарди долари, па сега вкупно поседува 176 милијарди долари. Арно е единствениот надвор од САД кој се најде на листата со милијардери за 2021 година.

Сите десет луѓе на листата поседуваат над 100 милијарди долари. Единаесеттата личност на листата е Французинката Франсоаз Бетанкур Мејерс, наследничка на империјата на L’Oreal, која има 94 милијарди долари и е најбогатата жена во светот.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Freepik)

Сподели!
- Advertisement -