ВИДЕО: Паметна камера за самопреглед на забите

- Advertisement -

Zaamigo е спин оф компанија основана од научниви од Универзитетот за технологија, наука и менаџмент ETH во Цирих, а нејзиниот прв производ е дијагностички уред со камера и вештачка интелигенција, кој ќе ви овозможи да откриете проблеми со вашите заби пред да појдете на заболекар.

Уредот изгледа како електрична четка за заби, на чиј врв се наоѓа минијатурна водоотпорна камера окружена со 8 ЛЕД сијалички. Кога уредот ќе го ставите во усната шуплина, камерата ќе направи 6 фотографии од вашата горна и долна вилица, кои потоа автоматски ќе ги анализира специјални алгоритми во апликација за Android и iOS, како што можете да видите и од видеото.

- Advertisement -

Алгоритмите се развиени од страна на експерти за дентална хигиена со цел споредување на состојбата на звашите заби со база на податоци во која се наоѓаат илјадници снимки. После анализата вештачката интелигенција ќе ви каже кои проблеми ги открила и ќе ви ги покаже во апликацијата, што ќе ви биде знак да посетитењ заболекар и со него да направите преглед на забите.

Иако овој гаџет на Zaamigo се продава за 88 евра и е наменет за домашна употреба, од компанијата велат дека почнале да го користат и некои заболекари во своите ординации за да им помогне во дијагностицирањето.

- Advertisement -

Но, Zaamigo предупредува дека вештачката вештачката интелигенција не е во состојба да ги открие сите болести на забите, но алгоритмите постојано се развиваат за да прават уште попрецизна дијагноза.

(Vidi.hr)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -