Директорот на вселенската агенција на Русија, Дмитриј Рогозин, во саботата на Twitter напиша дека ќе ја прекине соработката со партнерите на Меѓународната вселенска станица и другите заеднички вселенски проекти се додека не се отстранат санкциите воведени против Русија.
Лидерот на Рскосмос се пожали дека целта на сите санкции против неговата земја е да се убие руската економија и да се турнат Русите во очај и глад, за земјата да падне на колена. Рогозин додаде и дека санкциите на крај ќе се покажат неуспешни, иако намертие се и повеќе од јасни.
„Токму затоа верувам дека продолжувањето на нормалната соработка со партнерите на Меѓународната вселенска станица е возможно само после целосно и безусловно повлекување на илегалните санкции“ објасни Рогозин.
Одлуката на Рогозин значи суспендирање на партнерството на Роскосмос со НАСа, Европската вселенска агенција и со Канадската вселенска агенција. Тој додаде и дека испратил писмо до трите вселенски агенции во кое побарал тие да ги повлечат санкциите кои ги вовеле против руската ракетна и вселенска индустрија. Америманската вселенска агенција, наводно, му вратила писмо потпишано од шефот на НАСА, Бил Нелсон.
Во него, наводно, се велело дека САД продолжува да ја поддржува интернационалната вселенска соработка н владите, особено активностите поврзани со Меѓународната вселенска станица со Русија, Канада, Европа и Јапонија. Новите и постојните мерки контролирање на извозот и понатау дозволуваат соработка меѓу САД и Русија за да се осигура безбедно фунцкионирање на станицата.
Сепак, досега нема потврда дека такво писмо навистина постои.
(Interesting Engineering)
(фото: Flickr)


























