Netflix претстави опција која многумина долго ја очекуваа

- Advertisement -

Една од работите кои корисниците ги бараа од Netflix е да им овозможи начин со кој искуството, односно предлозите на содржини кои би можеле да им се допаднат ќе ги прилагодат на својотвкус. Досега на корисниците на располагање им беа само опцијата палец нагоре и надолу, односно дали филмот им се допаѓа или не.

Но, често некои серии се просечни или добри и не заслужуваат палец надолу, но не се ни одлични за палец нагоре. Алгоритмот на Netflix не може да знае дали тие навистина уживале во содржините или не. Од Netflix велат дека одговориле на барањата на корисниците и сега тие можат да означат колку уживале во некој филм или серија. Претходните емотикони остануваат, но сега има разлика меѓу еден или два палци горе .

- Advertisement -

Добрите филмови и понатаму ќе добиваат палец горе, а ако некој навистина уѓживал во нешто ќе дава два палци горе. Со оваа опција, како што велат од компанијата, добиваат уште едно ниво со кое полесно ќе можат да ги подобрат препораките на сервисот. Сепак, додаваат дека таа опција нема да пристигне многу наскоро.

Netflix претходно годинава претстави уште една опција која корисниците ја бараа долго време. Станува збор за можноста од листата со содржини кои не ги догледале да се отстранат содржините кои не сакаат да стојат таму, односно повее не сакаат да ги гледаат на Netflix.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Pixa Hive)

Сподели!
- Advertisement -