SpaceX лансираше втор шпионски сателит за САД

- Advertisement -

SpaceXуспешно го лансираше вториот шпионски сателит за американската Национална канцеларија за извидување. На ракетата Falcon 9 беше ставен шпионскиот сателит NROL-85 и вчера полета од вселенскиот центар Ванденберг во Калифорнија.

SpaceX исто така ја врати и првата фаза од двофазната ракета Falcon 9 во центарот Ванденберг околу 8 минути после полетувањето. Според SpaceX, ова е второто лансирање и слетување за оваа прва фаза.

- Advertisement -

Националната канцеларија за извидување на САД развива напредни сателитски системи за извидување на вселената и управува со цела флота шпионски сателити на САД. Сателитите кои се во вселената собираат податоци кои потоа ги користат неколку американски агенции.

Канцеларијата ја опиша вчерашната мисија како „национален товар за безбедност дизајниран, изграден и управуван од самата канцеларија. Сепак, таргет орбитата на NROL-85 беше откриена претходно, што е необично затоа што таквите информации се сметаат за високо чувствителни и се чуваат како класифицирани.

- Advertisement -

Ова е второто лансирање за оваа канцеларија од вкупно четири планирани за годинава. Следните лансирања треба да бидат Atlas V од Кејп Канаверал во јули и Delta IV Heavy од Ванденберг во август.

Ова беше 148-мото лансирање на Falcon 9 и 14-тата мисија на ракетата за 2022 година.

- Advertisement -

(Interesting Engineering)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -