Идната година со ракетата Falcon 9 на компанијата SpaceX, во сопственост на иноваторот Илон Маск, ќе биде испратен и првиот хрватски сателит. Сателитот е изработен во соработка на словачката компанија Spacemanic и хрватското здружение A3.
На конферецнијата Adria Space Conference беше претставен проектот кој го стартуваа компанијата Spacemanic и здружението Adriatic Aerospace Association, кој има за цел да ја здружи целата земја и да ги испрати првиот хрватски сателит во вселената.
„Најголемиот технолошки подвиг на Хрватска во 21 век ги сумира и ги надминува сите досегажни тежнеења да создадеме напредно хрватско општество, да го спречиме одливот на мозоци и да му порачаме на светот дека Хрватска може, знае и умее, дека не сме мали за големи работи и дека нашите сништа не се кули во воздух, туку сателити во орбитата“ се вели на страницата на проектот.
Целта на проектот е веќе идната година во вселената да се лансира првиот хрватски сателит. Идејата била првиот сателит да биде малки поедноставен, односно само да докаже дека хрватскиот народ е способен и може нешто самостојно да лансира во вселената и со самото тоа да се поттикне владата и другите институции да инвестираат во вселенскиот сектор, што ќе овозможи и други слични проекти да добијат уште поголема поддршка кај сите владини институции и кај хрватските компании.
Spacemanic дава поддршка за хардверскиот дел и преку покровители овозможуваат лансирање во ниската земјина орбита, додека A3 има улога на осигурување на операциите врзани со Земјата и изградбата на сателитските станици на Земјата.
Сателитот сакаат да го лансираат во втората половина од 2023 година.
(Vidi.hr)
(фото: Needpix)