Кинескиот ровер пронајде траги од вода на Марс

- Advertisement -

Кинескиот ровер Zhurong пронајде траги од вода на Марс. Хидрираните минерали кои ги откри роверот се наоѓаат во огромен базен, за кој се верува дека е место на праисториски океан. Тие укажуваат на тоа дека водата била присутна на површината на Марс многу подолог отколку што претходно се мислеше.

Според анализата на податоците кои ги испрати роверот на Земјата, трагите од вода се откриени во примероци од минерали стари 700 милиони години.

- Advertisement -

Се верува дека Марс бил влажна планета се до пред отприлика 3 милијарди години, кога завршил вториот геолошки период на планетата наречен Хеспериска епоха. Во сегашниот Амазонски период нема површински води.

Тлото кое содржело минерали, а чиј примерок го зел Zhurong, имало тврда кора, која можела да се формира со подигнување на подземните води или со топење на ледот кој испарил.

- Advertisement -

Кинескиот ровер истражува огромна рамнина наречена Утопија Планиција, на која слета во мај минатата година. Досега роверот помина околу 2 км од местото на слетување и собира податоци за теренот.

Во текот на изминатите години податоците кои ги собира сондата на Европската вселенска агенција откри вода под тлото на јужниот пол на Црвената планета. Речиси сета вода на Марс е „заробена“ под неговите поларни ледени слоеви со многу мали траги во атмосферата на планетата. Лоцирањето на подземните води е клучно за одредување на потенцијалот на планетата за живот.

- Advertisement -

(Klix.ba)

Сподели!
- Advertisement -