Биткоин падна на помалку од 20.000 долари

- Advertisement -

Цената на биткоин падна на помалку од 20.000 долари по прв пат од ноември 2020 годин досега. Падот, кој во даден момент достигна и помалку од 19.000 долари, се случуваше постепено во изминатите месеци како резултат на покачените каматни стапки, инфлацијата и економската неизвесност поради војната во Украина.

Падот го забрза неуспехот на два големи проекти за криптовалути – Terra-Luna и Celsius, а се надвиснува и сомнежот во стабилноста на целиот пазар за криптовалути. Биткоин од ноември минатата година досега изгуби 900 милијарди долари.

- Advertisement -

Драстичното продавање на валутата е индикатор за сложеноста за пазарите а криптовалуит во последно време и тоа создава каскаден ефект кој се надоврзува на ефектите од пандемијата. Во текот на пандемијата наголемо се инвестираше во биткоин и другите криптовалути, паралелноп со други ризични инвестиции во средства познати како меме акции, колекционерски предмети како патики и дигитална уметност.

(NYTimes)

- Advertisement -

(фото: Quote Inspector)

Сподели!
- Advertisement -