19.8 C
Skopje
петок, август 12, 2022

Научници произведоа обновливо гориво од обични бактерии од почва

Kabtel desktop

Неодамна тим истражувачи од Националната лабораторија Лоренс Беркли успешно создадоа алтернативно гориво од обични бактерии од почва кои припаѓаат на родот стрептомици.

Во 1999 година Американскиот нафтен институт објави извештај во кој се велеше дека резервите на нафта во Земјата ќе се исцрпат од 2062 до 2094 година. Но, една понова студија од 2019 година од Алијансата за човештво и биосфера на Универзитетот Стенфорд предвиде дека светот ќе снема нафта многу побрзо од тоа – во 2054 година. Замислете еден свет во кој не летаат авиони, не се врши транспорт на стока на големи далечини, а ракетите не летаат во вселената затоа што нема нафта.

Бидејќи глобалната авијација, транспортот и аероиндустријата трошат нафта, исцрпувањето на резервите може да предизвика хаос во светот. Не само исцрпувањето, туку и недостугот на нафта сега во моментот предизвикува досега невиден скок на цените на горивата.

Токму затоа многу индустрии и научници постојано бараат обновливи извори на енергија кои ќе послужат како алтернатива за фосилните горива, особено нафата. Еден битен чекор во тој правец е производството на обновливо гориво од бактерии од почвата.

Кога ќе се согоруваат фосилните горива како што е керозинот за авионите, бензинот или дизелот, се произведува енергија во огромни количини, а таа енергија го придвижува моторот на возилата. Еден од многуте проблеми со фосилните горива е тоа што се потребни милиони години да се формираат под површината на Земјата. Истражувачкиот тим од Беркли се обидувал да креира гориво за кое не мора да чекаат милиони години за да се формира под земја.

Во тоа време научници од Универзитетот Калифорнија успеале да синтетизираат бактерија стрептомицес коеликолор во еден вид на каша со шеќери, соли и некои аминокиселини. Потоа ги собрале бактериите, ги оддлиле маслата кои се формирале во нивното тело и на крајот од нив произвеле нов вид на биогориво.

Нивното гориво може да се направи со обновлив процес, додека традицооналните горива се добиваат од нафтата, а може и да складира повеќе енергија за да биде поефикасно ако се скалира. Проблем е тоа што се уште работат на производствен метод кој може да се склаира и кој е кономски исплатлив. Исто така, тешко е да конкурираат на фосилните горива, кои се субвенционирани.

Но, сето тоа ќе се смени затоа што климата на нашата планета се менува и мора да престанеме да користиме фосилни горива за да го забаввиме процесот на загревање.

Студијата е објавена во весникот Joule.

(Interesting Engineering)

(фото: Flickr)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!