Предните фарови на Ford од следната генерација можат да проектираат улични знаци на патoт

- Advertisement -

 Ford работи на нова генерација на LED предни светла кои можат да го покажат ограничувањето на брзината проектирајќи го на површината на патот.

Технологијата на Head-up дисплеите им овозможува на возачите да гледаат низ шофершајбната додека сеуште ја следат нивната брзина, навигациските мапи и други важни податоци. Но, најновата верзија на Ford-овата HUD технологија клучните информации не ги проектира на парче стакло пред возачот, туку на патот напред.

- Advertisement -

Ford работи на нова генерација на LED фарови кои можат да даваат насоки и да покажуваат ограничувања на брзината со нивно проектирање на површината на патот. Исто така, се тврди дека технологијата би можела да се користи за да им се помогне на оние надвор од автомобилот, како што се пешаците, со осветлување на премините или помагање на возачите да ги заобиколат велосипедистите за да се осигураат дека автомобилот не поминува премногу блиску.

Други корисни информации кои би можеле да се емитуваат на патот вклучуваат временски податоци, како што е симболот на снегулка кога патиштата може да се замрзнати, податоци за сообраќајот и водичи кои ќе им помогнат на возачите да проценат дали паркинг просторот е доволно голем пред да се обидат да го сместат автомобилот.

- Advertisement -

„Она што започна како играње со светлото на проекторот и празен ѕид може да ги подигне технологиите за осветлување на сосема ново ниво. Возачот може да добие суштински информации без да го тргне погледот од патот“, вели Ларс Јункер, претседател за карактеристики и софтвер во Ford Европа.

Сподели!
- Advertisement -