Најголемата светска прашума гори – достигнат максимален број шумски пожари во 15 години

- Advertisement -

Бројот на шумски пожари во вразилска Амазонија неделава достигна 15-годишен максимум, покажуваат пфицијалните бројки. Тие упатуваат предупредување за се поголемото уништување на најглемата прашума во светот.

Бројот на активни пожари е речиси трипати поголем од забележаниот на т.н. Ден на пожарите 10 август во 2019 година, кога фармерите стартуваа координиран план за спалување на огромни количини шума во северната држава Пари. Густиот чад тогаш стигна до Сао Паололмкој е оддалечен околу 2.500 км, а фотографиите на еде од најбитните ресурси на Земјата го пробудија целиот свет.

- Advertisement -

Нема знаци дека пожарите од понеделникот се координирани, но изгледа дека сепак алудираат на се поголемо намерно палење на шумите во корист на обработливите површини и пасиштата.

Експертите тврдат дека пожарите во Амазонија главно ги предизвикуваат илегални земјоделци, ранчери и градежници. Регионите со најмногу пожари се поместуваат кон север, а во август вообичаено почнува сезоната на пожари во Амазонија.

- Advertisement -

Ова беше загрижувачка година за шумите, клучна за заштита од глобалното затоплување. Но, бразилските служби открија дури 5.373 пожари минатиот месец, што е за 8% повеќе отколку лани истиот период. Со 24.124 пожари досега забележани во август, што ќе биде највисока бројка досега откако земјата е под водство на Хаиро Болсонаро, иако тоа уште е многу помалку од 63.764 пожари забележани во август 2005 година.

Болсонаро се соочува со меѓународни критики поради наглото уништување на Амазонија под негово водство. Од преземањето на должноста во 2019 година просечната годишна сеча на шума во Амазонија порасна за дури 75% во споредба со претходната деценија. Тој ги отфрла критиките и на Twitter напиша дека никој нема право да ги напаѓа и тие што ги напаѓаат ако сакале убава шума, требало да ги зачуваат шумите во сопствените земји. Амазонија им припаѓа на Бразилците и секогаш ќе им припаѓа.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Pxfuel)

Сподели!
- Advertisement -