Вториот најголем синџир за киносали во светот пред банкрот

- Advertisement -

Британската компанија Cineworld Group, една од најголемите во индустријата за забава и втор најголем синџир на кина во светот, поднесе барање за банкрот. Како што пренесува The Guardian, Cineworld засега поднел барање за заштота од банкрот само во САД, а намерата е реконструирање откако британскиот гигант се соочи со мал број на посетители во киносалите.

Групацијата има 751 кино, вклучувајќи и над 500 во САД, над 100 во Велика Британија и во Ирска и други објекти ширум Европа и во Израел. Го поседува синџирот Picturehouse во Велика Британија и Regal кината во САД.

- Advertisement -

Зошто дојде до банкрот на овој синџир? Претходно медиумите пренесоа дека сопственикот на Regal Cinemas е во тешка ситуација затоа што акциите му паднале за дури 80% на средината на август.

Имено, Cineworld Group тогаш се посоветувал со адвокати за процесот на банкрот во САД и во Велика Британија, затоа што приемот во киносалите им е под оечкуваното. Во соопштението се вели дека поднесуваат барање за заштита од стечај од Поглавјето 11 и дека процесот на реструктурирање под надзор на судот а компанијата и дава време да преговара со доверителите за да постигне спогодба за намалување на долгот.

- Advertisement -

Од Cineworld велат дека ќе се обидат да имплементираат трансакција на раздолжување, која значително ќе го намали долгот на групацијата, ќе го зајакне биланост на состојба и ќе обезбеди финансиска моќ и флексибилност за забрзување и капитализација на стратегијата на компанијата во кино-индустријата.

(The Guardian)

- Advertisement -

(фото: Pin-Place)

Сподели!
- Advertisement -