УСАИД одбележува 30 години партнерство во земјава!

- Advertisement -

УСАИД ја започна кампањата за одбележување на 30-годишнината од партнерство во земјава. Охрид е првиот од 8-те градови кои ќе ги посети патувачкиот карван “Инспирирај се за иднината”, со активности предводени од млади луѓе, ученици, наставници, уметници, претриемачи и други професионалци кои се вклучени во различни програми на УСАИД за да се покажат резултатите од долгогодишните работа во партнерство со Северна Македонија, а со цел заеднички да создадеме средина во која секој ќе може да го оствари својот целосен потенцијал.

„Нашите програми беа насочени кон унапредување на децентрализацијата, промовирање на судските реформи, транспарентно владеење и иницирање решенија за е-влада“, посочи претставничката на Канцеларијата на УСАИД во земјава, Џери Дајбл. „Ја зајакнавме конкурентноста на економијата, ги охрабривме странските инвестиции во македонски компании, помогнавме да се отворат работни места и ги зајакнавме претприемништвото и започнувањето бизнис. Исто така ја промовиравме и енергетската ефикасност, ја намаливме потрошувачката на енергија и помогнавме да се креираат политики за усогласување со регулативите на ЕУ. Дополнително, го зајакнавме образовниот систем, и тоа почнувајќи од основното училиште, па сè до универзитетското образование.”

- Advertisement -

По поздравното обраќање на г-ѓата Џери Дајбл, публиката на настанот во Охрид можеше да го проследи возбудливиот мотивациски говор на реномираната млада дизајнерка Марта Пејоска, потоа авангардните креации на средношколците од „Нико Нестор“ од Струга, кои беа направени од рециклирани материјали под менторство на младата и истакната дизајнерка Ирина Тошева, а изложени од средношколците од „Св. Климент Охридски“, потоа изложбата на фотографии и исклучително впечатливиот концерт на студентскиот џез-бенд при Музичката академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.

По Охрид, карванот ќе патува и во Штип, Тетово, Битола, Кавадарци, Куманово, Струмица и Скопје. Посетителите во секој од градовите ќе можат да слушнат мотивациски говори на тема „Партнерството е сила“ од  млади лидери и нивните лични предизвици и достигнувања, да проследат модна ревија „Рециклирана убавина“, чии креатори се средношколци од текстилните училишта во земјава, потоа да ја погледнат изложбата „Живот поминат заедно“ и да ги проследат изведба на студентите по музика, инспирирани од американскиот џез и македонските народни традиции. Целта на овој караван е да ги мотивира и да ги поттикне младите да се вклучат и активно да учествуваат во градењето одржлива иднина заедно.

- Advertisement -

Како дел од одбележувањето на оваа 30-годишнина, УСАИД во соработка со општините, ќе им овозможи на истакнати млади уметници заедно со учениците од средните училишта да креираат серија од осум мурали на темата „Партнерство за подобра иднина“, кои ќе бидат нацртани на видливи места во градовите каде што ќе патува карванот.

Американскиот и македонскиот народ се главниот двигател на партнерството што ќе продолжи и понатаму и чија цел е поддршка на приоритетите на Северна Македонија, поттикнување на реформите што ѝ помагаат на земјата на нејзиниот пат за членство во ЕУ, промовирање на одговорно лидерство, градење на локално одржлив развој и одржлива иднина. Преку работата на УСАИД, луѓето од селата и градовите може да видат дека нивниот живот се менува на подобро. На тоа патување, многубројни земјоделци, претприемачи, активисти од граѓанското општество, креатори на политики, наставници, жени, млади луѓе и нивните семејства од прва рака ја доживеаја трансформативната енергија на еманципирањето на луѓето со можности.

- Advertisement -

УСАИД во изминативе три децении, во соработка со македонскиот народ, постигна многу видливи резлултати и ќе продолжи да го поддржува локалниот потенцијал и сите кои одговорно и посветено придонесуваат за подобра иднина.

Сподели!
- Advertisement -