Иновативниот бисвит на Виталиа Rootles, финалист за наградата „New Bakery Product of the Year”

- Advertisement -

Здравата храна доаѓа во многу форми, големини и вкусови. Кога имаме желба за нешто слатко, обично прво помислуваме на чоколада, сладолед, овошје… но последната иновација на Виталиа ни покажува дека не треба да го отпишуваме зеленчукот како опција за слатка, но здрава закуска. „Rootles“ е новиот бренд – иновација на македонската компанија Виталиа, кој е наменет за британскиот пазар.

Последните трендови на пазарот покажуваат дека приватните марки имаат голем успех на пазарот, особено во прехранбената индустрија, каде што е забележлив нивниот брз раст. Токму затоа, Виталиа одлучи да го пласира овој производ на британскиот пазар, каде што нивото на свесноста за здравата и иновативна храна е на многу високо ниво и купувачите бараат нови начини да уживаат во храна која не им предизвикува грижа на совест.

- Advertisement -

Понекогаш, несекојдневните комбинации во исхраната се оние кои ни предизвикуваат најголемо задоволство. Оттаму почна и идејата за „Rootles“, со намера да се креира уникатен, несекојдневен производ соодветен и адаптиран на потребите на модерниот потрошувач, a тоа го препозна и стручното жири на BIA (Baking Industry Awards) и ги смести помеѓу финалистите во категоријата New Bakery Product of the Year за 2022 година.

Идејата за првиот „зеленчуков бисквит“ доаѓа од Универзитетот на Нотингем, каде што првпат беше споменат концептот за здрав бисквит направен од зеленчук, наместо од овошни вкусови. И додека идејата на почеток изгледаше чудно, сепак финалниот производ беше доусовршен, а неговата рецептура подобрена, по што наиде на силно одобрување од тестерите поради неговиот специфичен и сладок вкус. Така беа создадени „Rootles“ – неодоливо вкусни бисквит стапчиња на база на неколку комбинации зеленчук (морков, сладок компир, цвекло), прелиени со млечна, бела или темна чоколада. Секое индивидуално пакување на „Rootles“’ содржи само 120 калории и е составено од преку 30% зеленчук – што значи дека претставува совршената ужина за активните луѓе, луѓето кои се придржуваат кон здрава храна, за децата, за возрасните и за сите оние кои сакаат да го подобрат квалитетот на животот.

- Advertisement -

Виталиа со оваа соработка ја користи можноста да понуди сопствена иновација на британскиот пазар, каде што побарувачката за овој тип на здрава храна постојано расте. Па така, „Rootles“ се истовремено македонски и британски производ, слатки и здрави, светски, а наши.

Сподели!
- Advertisement -