4.8 C
Skopje
вторник, ноември 29, 2022

Првиот македонски џин доби нова варијанта. Мастер дестилерот Милица Плетварска го креираше Smidgin Velvet, без никакви адитиви и вештачки бои!

Kabtel desktop

Смидџhttps://www.smidgin.mk/ин е првиот македонски крафт џин направен по традиционалната London Dry технологија. Во неговото производство покрај смреката и планински чај од Галичица учествуваат и 12 други билки од различни делови од Македонија. Креаторите на овој уникатен македонски пијалот не прават никаков компромис за квалитетот и некои од поегзотичните билки кои вообичаено се неизоставен дел на секој добар џин како биберот, семки од коријанедер и кората од циметово дрво ги купуваат директно од Индија и Шри Ланка. Уникатноста стана препознатлив знак на Смидџин, кој за кратко време стана препознатлив македонски бренд кој дениве доби нова верзија, Smidgin Velvet

За најновиот вкус на Смидџин разговаравме со Милица Плетварска, мастер дестилерот на Смидџин.


Милица, од каде дојде идејата за Smidgin Velvet и зошто нов производ?

Обоените и џиновите со различни вкусови се во голем тренд веќе неколку години. Идејата за да направиме ваков тип на производ беше присутен од сам почеток. Дефинитивно сакавме да направиме нешто интересно, вкусно и во боја. Она што не сакавме е да направиме производ без да оставиме свој белег на оригиналноста и локалниот идентитет. И во овие рамки истражувавме, пробувавме, дестилиравме и го баравме нашето место.

Новите производи се дел од стратегијата за развој на Смидџин. Покрај вертикалниот раст, дел од стратегијата на Смидџин е и хоризонталниот раст, развој на повеќе производи од категоријата на џин. А можеби и други ама тоа нека остане изненадување.

Освен што плени на прв поглед по својата оригиналност, ве молам да ни кажете детали за новиот џин?

Смидџин Велвет е џин од категоријата “infused gin” . Има лила виолетово боја и изобилува со раскошни цветно- овошни ароми добиени од вкупно 19 билки. Специфичната боја е добиена сосема природно, од Тајландската љубичица, вид на чај со потекло од Тајланд. Водечки се овошните ароми на црно шумско овошје, како боровинката, брусница, шипка…, а од цветните е лавандата. Работењето на  дестилации со лаванда беше вистински предизвик за мене, затоа што многу е специфична и затоа и не така често мастер дистилерите работат со неа. Ама затоа кога ќе се изработи убаво, нејзиното присуство е незаменливо и вистинско богатство. Друга главна карактеристика е што дестилацијата е работена со чист планински мед. Ова дополнително даде една сосема друга и многу побогата текстура на палетата.

Вредно е да се напомене дека ова е единствениот џин кај нас, од категоријата на обоени џинови, кој што не содржи вештачки бои, вкусови и шеќери.

Знаете, кога сите состојки се природни секогаш е потребно многу подолго време за да се испита и утврди постојаноста на квалитетот на производот. Кога се работи со адитиви за да се добие одредена боја, лесно се одржува постојаноста на истата. Кога се работи со природни производи, како во нашиот случај Тајландската љубичица, не секогаш може да се предвиди како ќе реагира бојата на повискоа температура, на светло, темно и сл. Неопходно беше во сите услови да видиме како ќе се однесуваат бојата и вкусовите без да додаваме ништо што е надвор од природата. Затоа и ни беше потребно подолго време да го извадиме овој производ на пазарот.

Какви се првичните реакции од пазарот?

Засега се навистина супер. Дури и ние не очекувавме колку луѓето кај нас се гладни за некои нови иновативни производи и колку ги следат светските трендови за конзумација на пијалоци кои се на база на природни материи. Посебно многу добар feedback добивме и од коктел мајсторите. За нив се покажа доста интересен овој производ зошто во зависност од тоа дали ќе се комбинира со тоник или минерална вода ја менува бојата во розе или зелена. И тоа им е вистински предизвик за работа.

Смидџин е веќе препознатлив македонски производ. Како оди производството и побарувачката?

Засега сме многу задоволни. На луѓето и целокупно љубителите на добар џин им се допаѓа она што го работиме и навистина го бараат.. како класичната варијанта на Смидџин, така и Велвет сега откако го лансиравме. Среќни сме поради тоа и тоа ни е поттик за да продолжиме понатаму со забрзано темпо.

Знам дека сакате да изненадувате, но ќе ни откриете ли барем дел од вашите идни планови?

Покрај Смидџин Велвет, набргу планираме да лансираме уште два други производи “Spiced gin”и “Barrel aged gin”– категории кои се многу популарни и растечки по потрошувачка во светот. Исто така категории кои се највисоко на пиедесталот за квалитет и чие што производство се смета за вистинско мајсторство во светот на дестилациите.

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!