На листата најбогати млади луѓе прв е Хари Стајлс, следува Дуа Липа!

- Advertisement -

Хари Стајлс го стекна своето богатство со музичката кариера и последниот, многу успешен албум. На тој албум се наоѓа хитот кој остана цели шест недели на врвот на британската топ листа. Глумеше и во холивудски филмови, а се појави и во реклами.Неговото богатство се проценува на 116 милиони фунти.
На второ место е пејачката Дуа Липа со заработка од 69 милиони фунти до која дојде со помош на својот албум и светската турнеја од која годинава заработи 35 милиони фунти за само два месеци.

Третото место и припаѓа на манекенката Кери Длавињ чија заработка од 63,8 милионни фунти е резултат на соработката со Римел, Шанел и Пума а нејзината компанија Cara&Co минатата година оствари профит од 7,2 милиони фунти.

- Advertisement -

Ова е целосната листа на британски богаташи помлади од 30 години:

  1. Хари Стајлс (116 милиони функти)
  2. Дуа Липа (69,1 мил)
  3. Кара Делавињ (63,8 мил)
  4. Нил Хоран (58,4 мил)
  5. Луј Томлинсон (48,3 мил)
  6. Лијам Пејн (47,4 мил)
  7. Зејн Малик (38 мил)
  8. Сен Смит (37,8 мил)
  9. Дејзи Ридли (36,1 мил)
  10. Џон Бојега (28,8 мил)
Сподели!
- Advertisement -