Samsung Art Store претставува курирана колекција од Art Basel Paris 2026

- Advertisement -

Колекцијата вклучува дела од современите уметници Елене Шатберашвили и Ханс Оп де Бек

Компанијата Самсунг („Samsung“), глобален лидер за прикажување и добавувач на официјалната Art TV на Art Basel, денес го објави проширувањето на својата колекција Art Basel на Samsung Art Store со 19 нови уметнички дела од галериите што учествуваат на Art Basel Paris 2026. Достапни од денес на сите Samsung Art TV на секој пазар со Samsung Art Store, дополнувањата им нудат на публиката повеќе начини да ја откриваат и уживаат во уметноста дома.

Лансиран пред саемот во Гранд Пале, изборот се надоградува на тековната соработка на Samsung со Art Basel. Новите дела се приклучуваат на постоечката колекција Art Basel на платформата, проширувајќи ги можностите за откривање надвор од самиот саем.

- Advertisement -

„Она што ме интересира кај колекцијата Art Basel Paris е како уметниците можат различно да трансформираат познати субјекти – преку насликана боја или цел вајан свет“, рече Дарија Грин, глобален раководител на содржина и кураторство за Samsung Art Store. „Соединувањето на овие пристапи на Samsung Art Store им дава можност на гледачите да го откријат опсегот на уметничка имагинација во своите домови.“

Јасно прикажани уметнички дела, било да се слики или скулптурални сцени

- Advertisement -

Меѓу истакнатите дела е „Афиони бр. 4“ („Poppies #4“) од Елене Шатберашвили, кое во колекцијата внесува експресивна употреба на бои и прецизно набљудување на секојдневни мотиви. Дополнително, делото „Салонот (црно-бело)“ („The Lounge (black and white)“) од Ханс Оп де Бек претставува впечатлив монохроматски свет, прикажувајќи прецизно изработен скулптурален ентериер, како замрзнат во времето.

Преку платформата Samsung Art Store, овие дела на екранот претставуваат два различни уметнички пристапи: боите и потезите на четката кај сликарството, наспроти формата, текстурата и светлината кај скулптуралните сцени. Прикажани на телевизорите The Frame и другите модели од серијата Samsung Art TV, тие нудат различни начини за доживување на познати мотиви во домашниот амбиент — од живописното присуство на цвеќиња до имагинарната длабочина на еден ентериер.

- Advertisement -

„Откривањето е во сржта на Art Basel, а галериите играат клучна улога во запознавањето на публиката со уметниците и нивните дела“, изјави Карим Крипа, директор на Art Basel Paris. „Нашата соработка со Samsung Art Store го проширува досегот на овие средби, овозможувајќи ѝ на публиката ширум светот да истражува избор на дела од галериите учеснички и да продолжи да се поврзува со уметноста и по завршувањето на саемот во Париз.“

За посетителите на Art Basel Paris, проширената колекција нуди можност да продолжат со истражување на одбрани дела и во своите домови. За публиката од другите делови на светот, ова е шанса да откријат уметнички дела од галериите учеснички, без потреба од патување на саемот. На Samsung Art Store, корисниците можат да ги разгледаат новите додатоци заедно со

постоечката колекција на Art Basel, повторно да им се вратат на своите омилени дела и да изберат што ќе прикажат во своите животни простори.

Новите дела од Art Basel Paris 2026 се достапни на Samsung Art Store почнувајќи од денес, на сите телевизори од серијата Samsung Art TV, во земјите каде што е достапна оваа платформа. За повеќе информации, посетете ја страницата: https://www.samsung.com/mk/tvs/art-tv/ 

За “Samsung Electronics Co., Ltd.“

“Samsung“ го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, уредите за носење, таблетите, дигиталните уреди, мрежните системи и меморија, LSI системите и LED решенијата.

“Samsung“ исто така ги унапредува технологиите за медицинско снимање, HVAC решенијата и роботиката, додека создава иновативни автомобилски и аудио производи преку “Harman“. Со својот екосистем SmartThings, отворената соработка со партнерите и интеграцијата на вештачката интелигенција низ целото свое портфолио, “Samsung“ нуди беспрекорно и интелигентно поврзано искуство. За најновите вести, ве молиме посетете ја страницата “Samsung“ Новости: https://www.samsung.com/mk/news/.

За Art Basel

Основан во 1970 година од страна на галериски сопственици од Базел, Art Basel денес организира водечки светски саеми за модерна и современа уметност, кои се одржуваат во Базел, Мајами Бич, Хонгконг, Париз и Катар. Секој саем е уникатен, обликуван од градот и регионот во кои се одржува – што се одразува преку галериите што учествуваат, изложените уметнички дела, како и содржината на придружните програми, кои за секое издание се креираат во соработка со локалните институции. Дејноста на Art Basel се прошири надвор од рамките на саемите за уметност преку нови дигитални платформи, како што е апликацијата Art Basel, како и преку иницијативи како што се глобалниот извештај за пазарот на уметност (Art Basel and UBS Global Art Market Report), продавницата Art Basel Shop и наградите Art Basel Awards. За повеќе информации, посетете ја страницата https://www.artbasel.com/ 

- Advertisement -