8.8 C
Skopje
сабота, декември 3, 2022

Во наредните 10 години ќе се дуплира стапката на преживување од рак

Kabtel desktop

Научниците веруваат дека можат да го дуплираат бројот на луѓе кои преживуваат напреден канцер во текот на наредната деценија затоа што во тој период ќе се случат многу нови медицински откритија кои ќе ја зголемат способноста на телото да се бори самото против рак и да се ограничат начините на кои здравите клетки се измамени да помогнат во преживувањето на ракот.

Водечки светски експерти од Институтот за истражување рак во Лондон и британската фондација Royal Marsden NHS Foundation Trust велат дека врвните истражувања значат дека повеќе луѓе ќе бидат излечени, додека други ќе живеат многу подолго.

Научниците кои се занимаваат со рак се повеќе дознаваат информации за она што го опишуваат како екосистем на ракот. Тоа е сложен систем кој на клетките од ракот им овозможува да напредуваат, а се состои од клетки на рак, имунолошкиот систем и молекули, клетки и структури кои ги опкружуваат туморите и им помагаат во растот.

Експертите од институтот и фондацијата веруваат дека со користење на неколку методи на напад може да направат повеќе чекори во деловите како што се уништување на клетките на ракот, зајакнување на способноста на телото само да се бори против ракот, кои ги прелажуваат да преживеат. Една насока на истражување е прекин на способноста на ракот да им даваат упатства на другите клетки во телото да ги поддржат. На пример, клетките на ракот испраќаат сигнали во коскената срж да им кажат на робовските клетки да направат гнездо во други делови од телото за да се сместат таму клетките на ракот. Прекинот на овие патишта на комуникација ќе помогне да се стопира ширењето на ракот.

(Zimo)

(фото: Conexion Cancer)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!