Групацијата Триглав со зголемени продажби на македонскиот пазар во првите девет месеци

- Advertisement -

Двете осигурителни друштва, за животно и неживотно осигурување, имаат раст на премиите на македонскиот пазар, додека пензиското друштво раст на членството и нето вредноста на средствата.

Групацијата Триглав обезбеди консолидирана бруто полисирана премија во доменот на животното и неживотното осигурување од 24,2 милиони евра на македонскиот пазар во првите девет месеци. Притоа е остварен раст на премијата од 29% во споредба со истиот период минатата година и пазарен удел од 15,6%.

- Advertisement -

Триглав Осигурување, заклучно со третото тримесечје од оваа година, обезбеди бруто полисирана премија од 19,9 милиони евра, со што оствари раст од 17% во споредба со истиот период минатата година. Компанијата со тоа дополнително ја зајакна својата водечка позиција на пазарот на неживотно осигурување, кој пак, во дадениот период покажа раст од 7,1%.

Постигнуваме одлични резултати, кои што ја потврдуваат позицијата на компанијата на пазарот. За нас е важно на пазарот да понудиме новитети, кои ги поддржуваат современите трендови и да покажеме вистинска емпатија кон предизвиците со кои што се соочуваме како општество. Активни сме во областа на општествената одговорност, а развојот го насочуваме кон понуди, кои што ги интегрираат стратешките насоки, особено грижата за животната средина. Достапноста на услугите е секако еден од нашите приоритети, и затоа постојано го развиваме банко каналот, и работиме на подобрување на искуството на клиентите со компанијата”, изјави главниот извршен директор на Триглав Осигурување, г-дин Ѓорѓе Војновиќ.

- Advertisement -

Триглав Осигурување Живот во третото тримесечје од 2022 година, забележа континуирано висок раст на бруто премиите, со пораст од 129% во споредба со истиот период минатата година. Во овој период, имотот на компанијата се зголеми, со раст во споредба со минатата година од 17,%, главно како резултат на зголемувањето на финансиските инвестиции од капиталот и за покривањето на техничките резерви, и покрај силниот ефект на растот на пазарните каматни стапки и последователното намалување на вредноста на финансиските средства.

Резултатите од третото тримесечје потврдуваат дека Триглав Осигурување Живот бележи здрав органски раст и дека внимателно се преземаат чекори за финансиски инвестиции. Компанијата значително ја подобри својата позиција во пазарниот удел, кој што порасна за 8,4 процентни поени, на вкупно 17%. Акцентот е ставен на понудата на нови линии на производи, кои што нудат инклузивност на инвестициската компонента, како и загарантирани заштеди, но се посветивме и на растот на задоволството на вработените, преку проекти, кои што го поттикнуваат нивниот професионален развој во компанијата”, рече Вилма Учета Дузлевска, генерален директор на Триглав Осигурување Живот.

- Advertisement -

Триглав пензиско друштво обезбеди умерено и стабилно зголемување на вредноста на пензиските заштеди на членовите и се промовираше како доверлив партнер во областа на капиталното финансирано пензиско осигурување. Зголемувањето на нето вредноста на средствата со кои што се управува во отворениот задолжителен пензиски фонд е на ниво од 36 милиони евра повеќе, отколку во истиот период минатата година. Соодветно зголемување е забележано и во областа на доброволното пензиско осигурување.

Задоволни сме од постигнатите резултати и насоката во која што се движиме. Резултатите се должат на несебичните напори на сите вработени и соработници на компанијата, со кои успеавме да постигнеме раст на членството од над 48%, како и зголемување на нето вредноста на средствата, што се управувани во задолжителниот пензиски фонд, за 98 % во споредба со истиот период минатата година. Работењето во доменот на управување со имотот на клиентите можеме да го оцениме како успешно“, рече г-дин Тихомир Петрески, претседател на Управниот одбор на Триглав Пензиско Друштво.

Групацијата со зголемени приходи за 10%
Групацијата Триглав со седиште во Љубљана, постигна добри резултати во првите три квартали оваа година и покрај отежнатите услови за работа. Во споредба со истиот период минатата година, ги зголеми вкупните приходи за 10% на 1.241,1 милиони евра, оствари поволна вредност на комбинираниот коефициент од 89,5% и обезбеди 89,2 милиони евра профит пред оданочување, што е 3 проценти помалку од истиот период минатата година. Резултатите оваа година се под влијание на зголемениот обем на работа, успешното управување со инфлацискиот притисок и другите влијанија од животната средина, како и поинтензивните оштетни побарувања и негативните приноси на финансиските вложувања.

Групацијата ја задржа својата финансиска моќ со капитална адекватност во својот целен опсег. Се проценува дека оваа година ќе го постигне планираниот годишен профит, но истовремено предупредува дека ризиците од постигнување на целната добивка се значително зголемени поради негативните влијанија од деловното опкружување. Во следната година, се очекуваат многу отежнати услови за работа, во кои што доследно ќе ги спроведува своите стратешки развојни активности, ќе го зголеми обемот на работа, ќе ја задржи финансиската моќ и ќе работи безбедно и профитабилно.

Добивка пред оданочување. Во изминатите девет месеци од 2022 година, Групацијата Триглав оствари добивка од 89,2 милиони евра пред оданочување, што е 3 проценти помалку споредено со истиот период минатата година.

Андреј Слапар, претседател на управниот одбор на Заваровалница Триглав, рече: „Во Триглав, исто така, го чувствуваме влијанието на влошената средина со висок раст на инфлацијата и неповолна ситуација на меѓународните финансиски пазари, што првенствено влијае на штетниот дел од нашето работење, трошоците и повратот на инвестициите. Успешно се справуваме со влошената ситуација благодарение на тимот од над 5.200 соработници. Стабилниот бизнис модел ни овозможи да ја одржиме финансиската моќ со капиталната адекватност во целниот опсег, да го зголемиме обемот на работење и да оствариме добивка пред оданочување приближна на онаа постигната во истиот период минатата година.“

Во Групацијата проценуваат дека целната добивка на годишно ниво ќе биде постигната, но со оглед на актуелната ситуација, тие ги истакнуваат ризиците за нејзино постигнување во првично планираниот опсег. “Негативните фактори од деловната средина значително зајакнуваат и нивниот натамошен развој до крајот на годината не може да се процени со соодветен степен на сигурност“, рече Андреј Слапар.

Осигурително-технички дел од работењето
Вкупните приходи на Групацијата Триглав се зголемија за 10 проценти во споредба со истиот период минатата година, на 1.241,1 милион евра, а во нивниот состав обемот на бруто полисирана премија (1.147,7 милиони евра) се зголеми за 9 проценти. Групацијата ја зајакна премијата во сите три сегменти на осигурување и на сите осигурителни пазари. Во Словенија, порастот на премиите изнесуваше 6 проценти, што е еден процентен поен над растот на пазарот, надвор од Словенија на пазарите во регионот Адрија 12 проценти, а на меѓународните пазари 19 проценти. Останатите приходи од осигурување (46,1 милион евра) се зголемија за 21 процент, додека останатите приходи на Групацијата (47,3 милиони евра) се зголемија за 35 проценти, а тоа се главно приходи од управување со имот и продажбата на инвестициски недвижности.

Оштетните побарувања беа поинтензивни отколку во истиот период минатата година. Пресметаните бруто износи на штети се зголемија за 16 проценти, на 604,0 милиони евра. Тие беа под влијание на зголемениот обем на осигурувања, како и укинувањето на ограничувањата поради пандемијата, зголемување на цената на материјалите и услугите поради инфлацијата, како и зголемените масовни оштетни побарувања поради природни непогоди. Нивната проценета вредност изнесува 29,4 милиони евра, при што најголем дел (21,1 милион евра) на оштетни побарувања во Словенија се должи на лошото време со град и бурни ветрови. Сепак, комбинираниот коефициент на имотно и здравствено осигурување изнесуваше многу поволни 89,5 проценти, сличен на истиот период минатата година, што е резултат на поволниот развој на резервите за штети, кои што беа формирани во претходните периоди, а особено внимателно за време на пандемијата.

Во споредба со истиот период минатата година, бруто оперативните трошоци се зголемија за 10 проценти, на 269,1 милиони евра. Урош Иванц, член на одборот на Заваровалница Триглав, објасни: „Досегашниот раст на трошоците беше еднаков на растот на вкупните приходи, со што успешно ги одржувавме коефициентите на трошоците на споредливо ниво со истиот период минатата година.“ Трошоците се зголемија главно поради инфлацијата (на пример, трошоците за материјали и услуги), зголемениот обем на работење (на пример, трошоците за обезбедување на осигурување поради поголем број на склучени осигурувања) и реализацијата на стратешките активности (на пример, амортизација поради вложувања во информатичката технологија).

Осигурително-техничките резерви изнесуваат 3.199,9 милиони евра на крајот од деветте месеци, што е приближно со резултатот од крајот на минатата година. „Соодветно го координираме управувањето со резервациите со деловната динамика и ризикот од неостварување на обврските. Овогодинешниот поволен развој на резервите за штети формирани во претходните години успешно го надоместува растот на оштетните побарувања и трошоците, кои произлегуваат од зголемената активност на населението и економијата, повисоката инфлација и другите влијанија од околината“, рече Урош Иванц.

Инвестициско портфолио и средства на клиентите под управување
Вкупното инвестициско портфолио на Групацијата Триглав, вклучувајќи ги вложувањата во недвижности и придружени друштва, се намали за 11 проценти, на 3.266,9 милиони евра во споредба со крајот на 2021 година, поради случувањата на финансиските пазари, а неговите приноси беа негативни. Конзервативниот состав на портфолиото не се промени значително, но акцентот сеуште е на висококвалитетни и меѓународно диверзифицирани инвестиции. Обемот на средства на клиентите, со кои што се управува во заеднички фондови и преку индивидуално управување, исто така се намали за 11 проценти, на 1.362,4 милиони евра.

Одржлив развој (ЕСГ). Групацијата Триглав продолжува да ги интегрира факторите на одржлив развој во своето работење. Така, во споредба со крајот на минатата година, обемот на одржливи инвестиции со фиксен приход се зголеми за 13 проценти, на 231,8 милиони евра, а нивниот удел во портфолиото на обврзници веќе претставува 10,4 проценти. Триглав, исто така, се грижи за транспарентноста и соодветното информирање за својот одржлив развој, поради што учествува во избрани меѓународни иницијативи (иницијативи на ОН за PSI, УНЕП Финансиска Иницијатива и PCAF, стандарди за одржливост на Иницијативата за глобално известување – GRI и SASB, известување на Програмата за развој на заедницата – CDP).

Деловен план на Групацијата Триглав за 2023 година
Очекувањата за следната година се карактеризираат со многу висок степен на несигурност во деловната средина, која што произлегува од натамошниот развој на геополитичката ситуација, состојбата на енергетските пазари, макроекономската слика и епидемиските услови. Во 2023 година, Групацијата Триглав очекува дополнително заострени услови за своето работење, во кои што планира да работи безбедно и профитабилно.

Андреј Слапар, Претседател на Управниот одбор во Заваровалница Триглав, рече: “Планираме да постигнеме помеѓу 95 и 110 милиони евра добивка пред оданочување во 2023 година според постоечката рамка за известување. Таа планирана висина е нешто пониска од овогодинешната планирана висина, а тргнавме од моментално достапните проекции и проценки на условите за работење. И во 2023 година ќе го зајакнеме обемот на работење, планираме осигурителна премија во распон од 1,5 до 1,6 милијарди евра. Истовремено, ќе обезбедиме високо ниво на профитабилност на осигурителниот дел од работењето, со постигнување на комбиниран коефициент на имотно и здравствено осигурување под 94 проценти. Како водечка осигурителна и финансиска групација во Словенија и во регионот Адрија, планираме дополнително да ја зајакнеме нашата позиција на постојните пазари, а можностите ќе ги бараме на пазарите на ЕУ, директно, според принципот на слободен проток на услуги, како и преку партнерски врски. Ќе продолжиме да се стремиме да ги рационализираме оперативните трошоци, успешно да управуваме со ризиците, да бидеме финансиски стабилни и да ги одржуваме високите кредитни рејтинзи од признатите агенции за кредитен рејтинг. Нашата политика за дивиденда останува непроменета и ние ќе се стремиме Триглав да биде профитабилна, безбедна и стабилна инвестиција за инвеститорите. Во своето работење постојано ќе ги следиме нашите стратешки насоки, особено за создавање на квалитетно и единствено искуство за клиентите, како и понатамошен развој на услужно-ориентираните модели на работење и екосистеми, кои што се занимаваат со меѓусебно поврзаните потреби на клиентите и воведување на иновативни процеси со помош на модерни технологии.”

(Kapital.mk)

Сподели!
- Advertisement -