1.8 C
Skopje
петок, февруари 3, 2023

Спектакуларно селфи со Земјата и Месечината

Kabtel desktop

Рекордната оддалеченост на вселенското четало Orion од мисијата Artemis 1 од Земјата овозможи леталото да направи селфи фотографија која ќе се остави без зборови. Имено, НАСА сподели фотографија која во понеделникот ја направил Orion на која се гледаат Земјата и Месечината во позадината. Слично како некоја фотографија од Apollо или бледата сина точка на фотографиите на Voyager 1, оваа фотографија го става нашиот дом во перспектива која јасно ни покажува дека нашиот цел свет е само една мала планета во огромниот космос.

Ако сакате оваа спектакуларна фотографија да ја преземете во висока резолуција и да ја ставите на десктоп, кликнете на овој линк.

Orion ја направил фотографијата од најголемо растојание од Земјата, односно од 432.210 км оддалеченост. Тоа е најдалеку што едно летало со екипаж летало досега и го сруши и рекордот на Apollо 13 од 400.171 км од 1970 година. Имено, ова е прв пат истражувачи намерно да отпатуваат толку далеку од Земјата само поради итниот спасувачки план на НАСА.

Се очекува дека Orion ќе слета во близина на брегот на Сан Диего на 11 декември. Мисијата Artemis имаше бројни проблеми и одложувања пред првото лансирање, што ги поремети плановите дека луѓето ќе се вратат на површината на Месечината до 2024 година.

(Vidi.hr)

(фото: NASA)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!