8.8 C
Skopje
петок, февруари 3, 2023

Дали консумирањето инсекти ќе биде клучно за решавање на проблемот со гладот во светот?

Kabtel desktop

Во списанието Science четворица академици објавија истражување во кое заговараат користење на нсекти како извор на храна за луѓе, но и за животни. Првиот пат научници од Универзитетот Котон и Колеџот Барнага од Индија тврдат дека постојат силни аргументи за користење инсекти за задоволување на растечката потреба за храна ширум светот во текот на наредните години. Другиот пар научници од Универзитетот Вагенинген во Холандија и Универзитетот на Торино во Италија тврдат дека постојат силни аргументи како храна за животни.

Како што расте глобалната популацја, а земјата достапна за одгледување храна станува се поретка, научниците ширум светот бараат алтернативни извори. Во двете студии во списанието Science авторите се сложуваат дека инсектите може да се одговор на овој проблем.

Во првиот труд авторите напоменуваат дека јадењето инсекти не е ништо ново затоа што луѓето ги јадат откога постоиме и многумина во светот уште ги вклучуваат во својата исхрана. Сепак, во многу места инсектите се смеаат за одвратни, дури и валкани. Но, како што тврдат авторите, тоа може да се смени ако инсектите се набават преку комерцијално одржливи продажни места.

Забележуваат дека консумирањето инсекти може да има многу нутритивни предности, како на пример, изобилството протеини. Тоа ги прави поконкурентни на месото од животни. Истражувачите, исто така, забележуваат дека за инсектите потребни се помалку ресурси за одгледување во споредба со животните, поради што се главна зелена алтернатива.

Во втората студија авторите напоменуваат дека моментално најголем дел од храната за животни сега се произведува од рибино брашно и соја. Исто така, забележуваат дека за производство на месо во целиот свет се користат од 70% до 80% од обработливото земјиште во светот, а сепак се произведуваат околу 25% од протеините кои го консумираат луѓето.

Предлагаат дека замената за конвенционалната храна со храна направена од инсекти би ослободила големи парцели земјиште кои сега се користат за одгледување храна за животни.Тоа исто така би било поздрав извор на храна за животни. Исто така, одгледувањето инсекти веројатно ќе стане поизводливо додека планетата продолжува да се загрева.

(Klix.ba)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!