8.8 C
Skopje
петок, февруари 3, 2023

Филип Димитровски прогласен за Млад менаџер на годината за 2022 година

Kabtel desktop

На официјалниот и јубилејен 5ти избор на Мажи на Годината во Македонија кој е во организација на Фрајдеј Комуникации и Џентлмен Магазин кој што се одржа во месец ноември 2022, ко-сопственикот на Тиго Фајнанс ДОО и Екомагија ДОО, од неодамна и Country Мanager на CEED Бизнис клуб каде веќе и 2 години е Ангел инвеститор во startup бизниси, Филип Димитровски ја доби наградата за најдобар “Млад менаџер на годината“ за 2022. Жири комисијата на оваа престижна манифестација му го додели ова признание на Филип Димитровски поради достигнувањата во областа на бизнисот и финансиите и издигнувајќи ја компанијата Тиго Фајнанс како најпрофитабилно финансиско друштво во Македонија.

Според организаторите на Мажи на Годината, наградата “Млад менаџер на годината“ е награда која има за цел да ги поттикне младите менаџери кои пленат со својата смелост, амбиција и претприемачки дух.

Во овој период Филип Димитровски како Country Мanager на CEED Бизнис клубот Македонија, покрај тоа што е успешен како менаџер и претприемач, својата кариера решава да ја продолжи во филантропска мисија.

“Одлуката да преземам лидерство врз CEED Бизнис клубот во Македонија доаѓа како резултат на одамна потиснувана и тренирана амбиција каде што мојата енергија и знаење би ги посветил во филантропска насока, каде не само што би учел, растел и усовршувал и споделувал приказната за личниот успех, но и од прва рака би го градел и позиционирал привилегираниот клуб составен од основачи и сопственици на бизниси, извршни директори и лидери кои ќе можат меѓусебно да си помагаат, да споделуваат позитивни деловни практики, но и еднакво вредно, на уникатен начин да добијат пристап до научени лекции со цел надминување на деловните предизвици“ – изјави Филип Димитровски.

CEED (centre for entrepreneurship and executive development) има за мисија да ја менува парадигмата кај претприемачите кои се стремат да пораснат во лидери и напредуваат, преку инвестирање во заедница на основачи на бизниси, на кои им обезбедува платформа за вмржување и до-едукација. Верувањето по кое се води е дека единствено преку развој и поддршка меѓу основачите може да се трансформира бизнис климата и инспирира полово еднаква, претприемачки ориентирана младина.

Основан пред повеќе од 15 години, застапен во повеќе 18 држави и 4 континенти во рамки на платформата нуди комбинација на формалнa и неформалнa едукација само на внимателно избрани претприемачи, од докажани основачи на бизниси кои претставуваат дел од заедница со заедничка цел. Досега имаат обуки и вмрежување на повеќе од 2000 членови од голем број на компании.

Филип Димитровски позади себе има богата и успешна кариера, а токму тие успесите секогаш треба да бидат признаени и прославени за да служат за инспирација за останатите кои се стремат да достигнат успех од високи размери, и да дојдат до нивото на останатите кои се пример дека достигнувањата се возможни и во нашата држава.

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!