8.8 C
Skopje
петок, февруари 3, 2023

Нови средства против комарци штитат дури 8 часа

Kabtel desktop

Спрејови, креми, свеќи и други средства против комарци се вообичаено оружје за држење на комарците подалеку од нашата кожа, но баш и не се посебно успешни. Истражувачи во Италија развија нови формулации за кои велат дека може да траат дури 8 часа, немаат никаков мирис и може да се пофалат и со други предности.

Комарците не се само досадни, туку се и едни од најопасните пренесувачи на болести во светот. Најефикасниот репелент кој го користи војската, љубителите на кампување и правење скари на отворено содржи DEET, активна состојка прв пат развиена во 1940-тите години, која ја блокира способноста на комарците и на другите инсекти да ги намирисаат луѓето.

Но, DEET има и негативни страни. Многу луѓе неговиот мирис го доживуваат како одбоен и изгледа дека мора да се нанесува често или престанува да делува, додека во високи концентрации може да ја надразни кожата, очите или белите дробови и да оштети ткаенини.

Истражувачи од Универзитетот Пиза во Фиренца развија нови формулации кои се ефикасна алтернатива за DEET. Тимот создал нови видови на соединенија наречени циклички хидроксиацетали и ги тестирал нивните хемиски својства во тоља колку добро ги одбиваат комарците. Иако за неколку соединенија било утврдено дека се исто ефикасни како DEET во одбивањето на комарците, некои се покажале многу подобри и спречиле 95% каснувања во рок од 8 часа, додека ефикасноста на DEET почнала да паѓа за само два часа.

Утврдено е и дека овие алтернативи имаат и други предности. Сите имаат послаби мириси, а некои дури и мирисале доста пријатно. Полесно се раствораат во вода, што може да ја намали потребната количина алкохол, а сите имаат помала или споредлива токсичност со DEET, а некои е помалку веројатно дека ќе предизвикаат имунолошки реакции.

Истражувањето е објавено во списанието Journal of Agricultural and Food Chemistry.

(Vidi.hr)

(фото: Flickr)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!