Откриен нов слој на Земјата под тектонските плочи

- Advertisement -

Научници открија нов слој на Земјата, кој се наоѓа на околу 160 км под површината, под тектонските плочи и покрива речиси половина од нашата планета. Овој слој на планетата претходно бил непознат, а ова откритие ќе им помогне на научниците да дознаат повеќе за движењето на тектонските плочи.

Станува збор за делумно истопени карпи кои покриваат 44% од Земјата. Новооткриениот слој е составен дел од астеносферата, која се наоѓа во делот кој се нарекува горна мантија. Астеносферата постои како мек слој од цврсти, но флексибилни карпи кои можат да предизвикаат поместување на тектоснките плочи.

- Advertisement -

Истражувачите се прашуваат кои фактори ја прават астеносферата мека и сметаат дека растопените карпи се дел од една смеса. Научниците и претходно забележувале делови од овој слој, но мислеле дека станува збор за аномалија. Сега, пак, пронајдоа докази дека тој слој има пошироко присуство.

Не е познато дали растопениот слој го олеснува движењето на тектоснките плочи.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: space.com)

Сподели!
- Advertisement -