Realme, најбрзорастечкиот бренд на паметни телефони во светот, на мобилниот конгрес во Барселона MWC најави глобално лансирање на GT3, новиот флегшип модел од идните генерации со најбрзо полнење во светот – 240W.
Realme уште со GT серијата претстави најсовремени технолошки иновации и почнувајќи од прваѕа генерација, од неверојатниот дизајн на куфер на GT Master серијата до вистинската премиум серија GT2 Pro, додека сега е на ред GT3 иi неверојатна брзина на полнење.
Realme е основан со духот Dare to Leap и мисија за обезбедување на младите генерации со напредна технологија и дизајн. Чејс Ксу, потпретседател на компанијата и престедател за глобален маркетинг, вели дека со почетокот на петтата година од постоењето компанијата е чекор напред и стана првиот бренд кој го проби стаклениот плафон во индустријата. Тоа покажува посветеност на подобрување на пазарот преку иновативна технологија и подобро поврзување со корисниците.
Со револуционерната брзина на полнење од 240W, realme GT3 нуди не само најголема брзина на полнење во моментот, туку и најголема брзина на полнење во годините што престојат затоа што е достигната и максимална моќ на полнење со USB-C стандардот.
Што се однесува на корсиничкото искуство, го забрзува полнењето на телефонот на неколку минути, па дури и секунди. Користејќи ја снагата на полнење од 240W, потребни се сао 80 секунди за realme GT3 да се наполни до 20%, 9 минути и 30 секунди за целосно да се наполни батеријата од 4600 mAh.
Realme GT3 има три чипсета со истовремено максимално полнење, што резултира со 98,5% подобрена ефикасност на преносот. Покрај тоа, realme GT3 доаѓа со прилагоден ултрабрз кабел за полнење од 12A, кој обезбедува најголема снага за полнење во индустријата. realme обезбедува и dual GaN технологија на полнење, која вклучува end-to-end GaN чипсет во телефонот и адаптерот.
Realme GT3 ќе биде достапен во варијанти од 8+128GB, 12+256GB, 16+256GB, 16+512GB и специјална варијанта од 16+1TB, додека светската малопродажна цена почнува од 649 долари.
(Bizlife)
(фото: YouTube)