Смртоносните удри со возила по патиштата се далеку пошокантни за животните отколку што се мислеше претходно, предупредуваат британски научници врз основа на направената анализа на животинските популации ширум светот.
Се покажало дека налетот на возилата на патиштата е најчеста причина за смрт за речиси 1/3 или 28% од проучените животински популации. Тоа е повеќе отколку што умираат од болест, лов или грабливци.
Научниците велат дека ова ниво откритие, кое неодамна беше објавено во списанието Biological Reviews, упатува на тоа дека некои од популациите на цицачи би можеле да достигнат до прецвртница, односно критична точка која може да има неповратни последици, вели главната авторка на студијата, истражувачката Лорен Мур од Универзитетот Нотингем Трент.
Иако необработените податоци за бројот на убиени животни некогаш може да изгледаат релативно ниски, смртоносните налети на возилата на животните директно и недиректно придонесуваат за повисока стапка на смртност отколку што е стапката на размножување, поради што популациите се ранлици, вели таа.
Мур и нејзините колеги проучиле 83 студии кои се занимавале со смртноста на 69 врсти цицачи. Две истражувања, кои се фокусирале на Обединетото Кралство, откриле дека патиштата се причина за смрт на 29% од умрените творови и 25% од умрените ежеви.
Врстите кои е најверојатно дека ќе настрадаат на патиштата се трасманиските ѓаволи, сивите лисици, африканските диви кучиња и Брајантовата верверица.
(Zimo)
(фото: Wallpaper Flare)