Индија до средината на годинава ќе ја надмине Кина по бројот на жители

- Advertisement -

Индија ќе ја надмине Кина по бројот на жители и ќе стане земја со најмногу жители во светот. До средината на оваа година се очекува Индока да има 3 милиони жители повеќе од својот сосед, покажуваат податоците кои минатата недела ги објавија Обединетите нации.

Се проценува дека до средината на годинава Индија ќе има 1,4286 милијарди жители, наспрема Кина со 1,4257 милијарди жители, што е 2,9 милиони повеќе, се вели во извештајот State of World Population Report на Фондот за население на ОН, пренесува Reuters. САД се на трето место со популација проценета на 340 милиони жители на крајот на јуни годинава.

- Advertisement -

Експертите за население користејќи претходни податоци на ОН проценија дека Индија ќе ја надмине Кина по бројот на жители во текот на овој месец, но проекциите на ОН не наведуваат точен датум поради, како што велат, немањето понови податоци за Кина и за Индија, каде што последниот попис е направен во 2011 година.

Иако овие две земји имаат повеќе од 1/3 од вкупното население во светот, природниот прираст и во двете земји е забавен, и тоа повеќе во Кина отколку во Индија. Минатата година кинеската популација се намали по прв пат во последните шест децении, што е историски пресврт кој се очекуваше и ќе има сериозни последици врз економијата на земјата и врз глобалната економија.

- Advertisement -

Last year, China’s population fell for the first time in six decades, a historic turn expected to usher in a long period of decline in citizen numbers, with profound implications for its economy and the world.

(Reuters)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -