Американски научници тврдат дека откриле како функционира календарот на Маите

- Advertisement -

Откако археолози пронајдоа календари на древните Маи, луѓето се обидуваат да го дешифрираат нивното значење. Проблем досега беше фактот дека циклусот во календарите покрива период од 819 дена, а експертите немаат со што да го споредат тој период. Барем досега.

Имено, антрополозите Џон Ли ден и Викторија Брокер од Универзитетот Тулејн тврдат дека конечно ја решиле оваа мистерија.

- Advertisement -

Антрополозите го проширија периодот на разгледување, односно анализираа како функционира календарот во период од 45 години, а не само 819 дена и го поврзаа со синодичкиот период, времето кое е потребно небесно тело да се врати на приближно истата точка на небото од која е набљудувано од Земјата.

Иако претходните истражувања се обидоа да го поврзат календарот од 819 дена со положбата на планетите, неговата четиридневна шема била прекратка за да се вклопи со синодичките периоди на видливите планети. Кога го продолжиле календарот на 20 периоди од 819 дена се појавила шема во која синодичките периоди на сите видливи планети биле сразмерно со точки во календарот.

- Advertisement -

Календарот на древните Маи е комплициран систем кој се состои од помали календари.Се базира на глифови или знаци, а се повторува четири пати. Притоа, секоја блок од 819 дена одговара на една од четири бои и какао што прво мислеле,на географски правци.

Меѓутоа, било тешко да се одгатне како тие синодички периоди функционираат во контекст на календар од 819 дена.

- Advertisement -

Истражувањето наречено „The Maya 819-Day Count and Planetary Astronomy“ објавено во списанието Ancient.

(N1)

(фото: Wallpaper Flare)

Сподели!
- Advertisement -