Сите ги знаеме познатите метрополи во Европа, САд и во остатокот од светот, но речиси секоја земја во светот има понекој фантастичен мал град кој вреди да се посети. Страницата Conde Nast Traveler објави листа со 50 најубави мали градови во светот. Сите листи кои ги објавува Conde Nast Traveler независно ги составуваат уредниците на оваа страница.

Албарасин, Шпанија
Изолираното планинско гратче долж реката Гвадалкивир е главен кандидат за титулата најубав мал град во Шпанија со своите згради во црвена и портокалова боја, кои езабележително севклопуваат во околината. Гратчето е посебно уникатно поради историјата на муслиманските и хирстијанските владенија, каде што можете да најдете и готички категрали и рушевини на маварски замок во истиот мал град, се вели во описот на градот.

Бан Рак Таи, Тајланд
Сместен на границата меѓу Тајланд и Мјанмар, Бан Рак Таи има викендички покриени со слама зад кои се гледаат планините низ магла, како и плантажите на чај. Градот без туристи е совршено место за дружење со љубезните мештани и уживање во самотијата, посебно во раните утриснкото возење со чамец по езерото.

Банјос, Еквадор
Тешко дека ќе пронајдете град со поубава природа од Банјос, кој се наоѓа во сенката на активен вулкан и е опкружен со водопади, густи шуми и басенот на Амазон. Банјос е можеби најпознат по „лулашките на крајот на светот“.

Бар Харбор, Мејн
Тешко е да се занемари близината на Бар Харбор и Националниот парк Акадија, што му носи околу 1.000 поени на убавина. Но., градот е преубав сам по себе. Центарот има посебен приморски дух, има пристаниште на кое со чамци може да се набљудуваат китови, како и десетина одлични ресторани и слаткарници.

Биеи, Јапонија
Префектурата Хокаидо е ризница на природни убавини. Составена е од блескаво сини езера и топли извори, но и од планини прекриени со снег. Градот Блеи ќе ве натера да размислите за летно патување до скијачка дестинација затоа што неговите огромни полиња се прекриени со лаванда, мак, невен и други цвеќиња.

Блед, Словенија
Има причина зошто Бледското Езеро е едно од најпопуларните места во Словенија. Посетителите можат да уживаат во погледот на смарагдната вода, островчиња со цркви, Јулиските Алпи и замок од 12 век. Градот Блед е исто шармантен. Во него се наоѓаат ресторани со свеќи и традиционални дрвени чамци.
(Bizlife)