Научници открија начин како да направат косата да расте повторно кај постарите луѓе

- Advertisement -

Научници од Универзитетот Нортвестерн открија начин како да направат косата кај постарите луѓе да расте повторно. Тоа го тестираа кај глувци. Нивниот метод се базира на омекнување на стврднатите матички клетки во фоликулите на косата, кои со тек на годините престануваат да растат коса.

Тие откриле како да ги омекнат тие матични клетки за да им помогнат повторно да расте коса. Во студијата која ја направиле на генетски модифицирани глувци научниците откриле дека може да им ги омекнат матичните клетки со поттикнување на производството на повеќе РНК, miR-205. Кога матичните клетки биле генетски модифицирани за да произведуваат повеќе miR-205, тие го поттикнале растот на влакната кај младите и старите глувци.

- Advertisement -

Користеле напредни алатки за микроскопија, како што е микроскоп со атомска сила за да се измери стврднатоста на клетките на косата. Како што велат, новата коса почнала да расте за 10 дена. Додаваат дека тие матични клетки не се нови и не се размножуваат, туку ги стимулираат постоечките да растат коса.

Нивната студија е доказ дека постои можност за стимулирање на растот на косата со регулирање на механиката на клетките. Ако нивните експерименти со глувците се покажат навистина успешни, ќе дизајнираат експерименти за тестирање на луѓе.

- Advertisement -

Студијата е објавена в весникот PNAS.

(Interesting Engineering)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -