Европската комисија на 7 јуни 2021 година предложи европска рамка за дигитален идентитет, кој ќе биде достапен за сите жители на ЕУ и за европските компании. Граѓаните преку напредна апликација, т.н. дигитален паричник. ќе можат да го докажат својот идентитет при пристапувањето до услугите од јавниот или приватниот сектор и ќе ги споделуваат личните електронски документи со еден клик на екранот на телефонот. Користењето на европскиот дигитален паричник ќе биде на доброволна база и нема да ја замени можноста за користење хартиени документи.
Овој паричник доби конечноо зелено светло на пленарна седница на Европскиот парламент во Страсбур во март годинава, а потоа почнаа меѓуинституциски преговори.
Секој дене милиони граѓани го користат својот идентитет за да ги остварат своите права и да добијат пристап до потребните услуги. Поради неусогласеното законодавство и техничките стандарди не се искористува целосниот потенцијал на дигиталниот идентитет. Со оваа реформа се постигнува голем чекор напред кон подобрување на квалитетот на јавните услуги и комуникацијата на граѓаните со јавниот сектор, а се дава и поголема поддршка за компаниите кои работат преку граница.
Во фокусот на новото законодавство е да се олесни секојдневниот живот со поедноставување на пристапот до услугите во јавниот и привантиот сектор, не само во сопствената земја, туку и за време на патувањата и престојот во други држави членки на ЕУ.
Системот за дигитален идентитет е базиран на едноставна и безбедна е-апликација за сите електронски интеракции, во која корисниците имаат целкосна контрола над своите податоци и над своите документи. Тоа е голем чекор напред кој на сите ќе им овозможи конечно да се интегрираат и да ги почувствуваат бенефитите од дигиталното општество.
(Dnevnik.hr)
(фото: EU)