Што се случува со вашето тело ако секој ден пиете газирани пијалаци?

- Advertisement -

Не би требало да се изненадите ако ви кажеме дека најдобро е да се ограничи количината газирани пијалаци секој ден. Тешко е да се замисли дека некој верува дека тие може да бидат корисни за нивно здравје. И покрај тоа, 63% од возрасните велат дека секој ден консумираат најмалку еден пијалак засладен со шеќер, покажуваат податоците на Центрите за контрола и превенција на болести.

Тоа значи дека има големи шанси вие или некој ваш близок е во тие 63%. Меѓутоа, тоа можеби ќе се смени ако знаете точно што му прават на вашето тело овие пијалаци полни со шеќе и калории.

- Advertisement -

Најпрвин, секојдневното пиење газирани пијалаци може да довење до дебелеење. Секоја лименка газиран пијалак има од 150 до 200 калории, главно од шеќерите. Тоа може да доведе до вишок калории ако не се надомести со физичка активност.

Во мај 2020 година Меѓународното списание за бихејвиорална исхрана и физичка активност објави студија во која откри дека физичката активност која се прави во слободно време не може да надомести за тежината добиена со консумирање бвезалкохолни пијалаци.

- Advertisement -

Редвната консумација на газирани пијалаци предизвикува скокови на шеќерот и инсулинот во крвта. Во одреден временски период тоа може да резултира со резистенција на инсулин, која игра клучна улога во појавата на дијабетес тип 2.

Студијата објавена во списанието Diabetes Care во август 2010 година забележала дека луѓето кои секојдневно пијат слатки пијалаци како газираните имаат 26% поголем ризик од развој на дијабетес тип 2 во споредба со луѓето кои ретко консумираат пијалаци полни со шеќер. Новата студија објавена во истотот списание во 2019 година покажа дека дури во период од само 4 години ризикот од дијабетес за оние кои секојдневно консумираат газирани пијалаци пораснал за дури 16%.

- Advertisement -

Некои истражувања сугерираат дека фосфорната киселина, која се наоѓа во многу газирани пијалаци, може да ја попречи апсопрцијата на калциум и потенцијално да ги ослаби коските и да го зголеми ризикот од кршење. Всушност, весникот American Journal of Clinical Nutrition објави студија во септември 2014 година која покажа дека секој сок кој учесниците го коснумирале во текот на денот го зголемува ризикот од кршење за дури 14%.

Понатаму, претераната консумација на рафиниран шеќер и пченкарен сируп, со голем удел на фруктоза, кои ги има во газираните пијалаци, може да го оптоварат црниот дроб и да резултираат со насобирање масти. Тоа може да доведе до безалкохолна болест на црниот дроб. Околу 100 милиони луѓе во САД боледуваат од неалкохолна болест на црниот дроб.

Болестите на срцето се водечка причина за смрт во САД. Иако постојат многу фактори кои може да влијаат на здравјето на вашето срце, секојдневното пиење газирани пијалаци го зголемува ризикот од развој на срцеви заболувања поради прекумерниот внес на шеќер.

Газираните пијалаци, посебно тие направени од пченкарен сируп, имаат висок процент на фруктоза и може да го зголемат нивото на уреата во телото. Ова може да предизвика создавање кристали во бубрезите, што резултира со создавање на камења.

(Klix.ba)

(фото: )

Сподели!
- Advertisement -