TikTok мора да плати 345 милиони евра затоа што ја наруши приватноста на децата во ЕУ

- Advertisement -

TikTok е казнет со 345 милиони евра поради кршење на закони за приватноста на децата во врска со обработка на податоци за децата во ЕУ, соопштија од Европската унија. Платформата за кратки видеа, во сопственост на Кина, чија популарност брзо порасна кај тиенјџерите од целиот свет, прекршила низа закони на ЕУ за привантоста на податоците во периодот од 31 јули 2020 година до 31 декември 2020 година, објави ирската Комисија за заштита на податоци.

Ова е прв пат DPC, водечкиот регулатор во ЕУ за многу битни глобални технолошки компании, да го казни TikTok, кој е во сопственост на кинеската компанија ByteDance. Многу глобални компании ја имаат избрано Ирска за регионален центар, па DPC е еден од клучните регулатори.

- Advertisement -

Портпоарол на TikTok објави дека не се сложуваат со одлуката, посебно со висината на паричната казна, како и дека најголем дел од критиките повеќе не се релевантни поради мерките кои TikTok ги воведе пред почетокот на истрагата на DPC во септември 2021 година.

Од DPC, пак, наведуваат дека, меѓу другото, TikTok профилите на корисници помали од 16 години во 2020 година ги ставил на „јавно“ во поставките и дека TikTok не проверил дали корисникот е родител или негувател на детето во случај на поврзување на профили.

- Advertisement -


TikTok во декември 2020 година додаде строга родителкс аконтрола во семејното спарување и ги смени поставките за сите регистирани корисници помлади од 16 години од „јавно“ во „приватно“ во февруари 2021 година.

Од компанијата во петокот изјавија дека планираат дополнително да ги ажурираат поставките за приватност за да бидат појасни разликите меѓу јавните и приватните профили и дека „приватно“ е поставка која автоматски ќе биде избрана за сите корисници од 16 до 17 години кога подоцна ќе се регистрираат.

- Advertisement -

DPC му даде на TikTok рок од 3 месеци да ги усогласи правилата согласно одлуката.

(Zimo)

(фото: Unsplash)

Сподели!
- Advertisement -