Се одржа отворена дискусија на министерот за информатичко општество со претставници на ИТ секторот

- Advertisement -

Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, денеска организираше отворена дискусија со претставници на стопанските комори во Република Северна Македонија и членките на ИТ секторот, за анализа на пазарот и за изразување на ставовите на компаниите во врска со тековните случувања и предизвиците во областа на Информациските и комуникациските технологии. Денешниот настан е во согласност со политиката на МИОА за целосна транспарентност и јавното ветување за истражување на пазарот, во насока на воспоставување можна соработка во корист на граѓаните и бизнис секторот.

На присутните им беше претставен и еден дел од работата на МИОА, преку презентирање на двата системи на Министерството: ДМС – Систем за управување со документи по електронски пат и ИСУЧР– Информационен систем за управување со човечки ресурси.

- Advertisement -

Министерот Алиу истакна дека за да се обезбедат квалитетни јавни услуги и да се промовира економскиот развој, неопходна е соработка помеѓу институциите и приватните компании.

Наш приоритет е да помогнеме за да се гарантира слободна и транспарентна конкуренција и да се преземат мерки за да се осигураме дека политиките и регулативите се соодветни за развој на бизнисот и инвестициите и затоа, редовните консултации со стопанските комори се важни“, рече Алиу.

Сподели!
- Advertisement -