YouTube развива алатка за клонирање на гласовите на познати личности

- Advertisement -

Видео платформата YouTube неодамна најави нов потфат во примената на вештачката интелигенција во сферата на музиката, лансирајќи две експериментални алатки: Dream Track и Music AI.

Овие функции, развиени во соработка со Google DeepMind, веројатно би можеле да означат чекор напред во интегрирањето на вештачката интелигенција во процесот на создавање музика.

- Advertisement -

На почетокот, овие функции ќе бидат достапни само за мала, избрана група уметници и креатори за да може компанијата да собира повратни информации за идните производи.

Еден од експериментите, наречен Dream Track, го користи напредниот модел за музичка генерација на Google DeepMindLyria, за да поттикне подлабоки врски меѓу уметниците, креаторите и нивните обожаватели.

- Advertisement -

Проектот вклучува девет истакнати уметници, вклучувајќи ги и Алек Бенџамин, Чарли Пут и Деми Ловато. Корисниците ќе можат да ги користат нивните гласови за да создадат уникатни „саундтрекови“ за YouTube Shorts.

Со внесување на текстуален опис (prompt) и избирање на една од познатите личности, ќе биде продуцирана аудио снимка од 30 секунди со гласот на избраниот изведувач генериран преку вештачка интелигенција.

- Advertisement -

Музичкиот инкубатор со вештачка интелигенција (Music AI Incubator) е уште еден составен дел од овој проект. Тој ги обединува уметниците, текстописците и продуцентите за тестирање, учење и обезбедување повратни информации за овие алатки со вештачка интелигенција.

На пример, музичарите кои се дел од проектот во моментов ја истражуваат можноста за претворање на гласовни мелодии во гитарски рифови или беспрекорно трансформирање на жанрот на некоја песна.

Од YouTube се надеваат дека повратните информации и сознанијата добиени од овие првични експерименти ќе бидат клучни за подобрување на технологијата и идните примени на вештачката интелигенција, отворајќи нови можности во светот на музичката продукција.

Сподели!
- Advertisement -