Британски научници осмислија нова и безболна метода на вакцинирање

- Advertisement -

Тим од научници од Универзитетот Оксфорд постигна револуционерен напредок во примената на вакцините и претставија метода на вакцинирање со помош на ултравук и без потреба за игли.

Новата метода на вакцинирање со ултразвук вклучува мешање на молекулите на вакцините со протеини, нанесување на течната смеса на кожа на глувци и изложување на ултразвук во времетраење од околу 90 секунди.

- Advertisement -

Ултразвукот ја турка смесата во горните слоеви на кожата, создавајќи меурчиња исполнети со вакцина кои пукаат после дополнително изложување, ослободувајќи ја вакцината и подобрувајќи ја пропустливоста на кожата со отстранување на мртвите клетки. За разлика од традиционалните игли, кои продираат во мускулите, ултразвучната метода ги таргетира само горните слоеви на кожата, што се смета за доволно за ефикасна имунизација.

Тестовите на живи глувци покажале дека оваа ултразвучна метода испорачала 700 пати помали молекули на вакцини од традиционалните инјекции, но неверојатно го стимулирала производството на антитела. Притоа, глувците не покажале знаци на болка или видливи оштетувања на кожата.

- Advertisement -

Како што велат експертите, оваа метода на вакцинација има огромен потенцијал, но потребни се дополнителни податоци за безбедноста на примената кај луѓе.

(New Scientist)

- Advertisement -

(фото: Panoramams)

Сподели!
- Advertisement -