Aко имате мал бизнис и бргу ви треба веб страница домашната компанија EmbedSocial има ефикасно решение!

- Advertisement -

Едноставно креирање на веб страница за промоција на бизнисот преку алатката Feedlink е можноста која компанијата EmbedSocial ја креира за малите компании и нивно полесно позиционирање на пазарот. Секој корисник на Feedlink добива бесплатен .link домеин за една година со вклучен бесплатен хостинг и SSL сертификат.

Тоа, вели за Иновативност, Симона Апостолоска, на компаниите им дава можност да се посветат на развој на бизнисот, додека Feedlink го обезбедува нивното онлајн присуство. Таа посочува дека најновата иновативната интеграција кон Feedlink се NFC картички кои на компаниите им овозможуваат нов начин на споделување на нивните веб страници.

- Advertisement -

Новинар – Сања Наумовска

Симона, Вашата компанија EmbedSocial неодамна го претстави Feedlink на WebSummit-от во Лисабон. Кажате ни за каков производ се работи?

- Advertisement -

Feedlink претставува одговор на потребата од брзо и лесно креирање на лична веб страница, препознавајќи повеќе проблеми на пазарот, како што се трошоци за хостинг, SSL сертификат и комплицирана регистрација на домеин, Feedlink нуди многу поедноставен пристап. Нашата цел е да овозможиме креирање на уникатни веб-страници во неколку едноставни чекори, без потреба од специјализирани технички вештини, а со тоа да им помогнеме на сопствениците на мали бизниси да се справат со секојдневните предизвици и да ги постигнат своите цели.

Нашиот продукт нуди повеќе алатки. Овозможуваме креирање и пишување на блогови како и одржување на ефикасна комуникација помеѓу бизнисите и нивните клиенти, преку споделување важни содржини со редовно испраќање на е-билтен. Нудиме и ефикасен начин за целосна маркетинг стратегија преку креирање и дистрибуција на содржина за социјалните медиуми. Секој корисник на Feedlink добива бесплатен .link домеин за една година со вклучен бесплатен хостинг и SSL сертификат.

- Advertisement -

Која беше мотивацијата да ја креирате оваа алатка?

Нашата мотивација и фокус е да ги разбереме предизвиците со кои се соочуваат малите бизниси и да го поедноставиме начинот на нивно вклучување во онлајн светот. Свесни сме за сложеноста на овој процес и сè што е потребно за да се оствари онлајн присутност, па нашата мисија е да го оптимизираме и автоматизираме тој процес. Сакаме да му овозможиме на бизнисот да се фокусира на својот раст, додека ние се грижиме за сè што е поврзано со нивното онлајн присуство.

NFC бизнис картичките се најновата иновативната интеграција кон Feedlink. Што е иновацијата и кои се бенефитите за клиентите со оваа новина?

Нашата најнова иницијатива вклучува дистрибуција на бесплатни NFC картички за секој корисник на Feedlink. Овие картички им овозможуваат на корисниците нов иновативен начин на споделување на нивните Feedlink страни. Допирањето на картичката со мобилен уред директно пренасочува кон персонализираната Feedlink страница на корисникот, каде се прикажани сите клучни информации за нивниот бизнис, дигиталното портфолио, контакт информации и линкови кон одредени услуги или продукти за кои што самиот бизнис има цел да зголеми посетеност и продажба. Воведувањето на оваа картичка има за цел да ја зголеми дигиталната видливост и присутност на секој бизнис.

Кажете ни нешто повеќе за EmbedSocial. На какви проекти работите со оваа платформа?

EmbedSocial е платформа која помага во зголемување на довербата на онлајн бизнисот, овозможувајќи им на компаниите да ги интегрираат своите социјални профили и автоматски да прикажуваат кориснички содржини како потврда на нивниот кредибилитет. Визуелното прикажување на слики и рецензии од веќе постоечки корисници на веб страница е докажано дека придонесува кон зголемување на продажбата и пред се ја зголемува довербата кај корисниците.

Во моментот, нашата платформа нуди шест продукти, EmbedFeed, EmbedReviews, EmbedAlbum, EmbedStories и Feedlink. Повеќе информации за нашите продукти има на EmbedSocial.

Вашата платформа во моментот ја користат над 250.000 корисници од целиот свет. Што е клучно за одржување на еден продукт на светскиот пазар?

Според нашето досегашно искуство, во моментот кога продуктот ќе надмине одредена големина, драстично се менува и начинот на одржување, потребите за техничка инфраструктура и развој на нови функционалности.

Кога сте помали, работите кон брзо креирање и често пати со многу грешки. Но, веќе со поголем број на корисници, и секако корисници кои се посериозни брендови, тогаш потребна е промена на процесот на работа кој истовремено ќе се адаптира на новите промени и ќе иновира, но ќе остане и стабилен. Како пример, 2023 беше година во која инвестиравме можеби половина од времето во нова инфраструктура со цел да се подготвиме да одговориме на поголеми корисници со поголеми потреби.

Какви се вашите планови за во иднина?

Нашите планови за Feedlink се многу големи. Искуството досега нѐ научи дека постои еден голем сегмент на корисници кои сѐ уште имаат проблеми лесно и брзо да креираат онлајн присуство.

Feedlink за многу брзо ќе може вистински да замени 4-5 алатки кои денес малите бизниси ги користат за нивните онлајн активности, и истовремено ќе им заштеди многукратно. Секако, веќе имаме имплементирано модели базирани на вештачка интелегенција, кои во 2024 планираме да бидат дел од скоро секоја поголема функционалност.

Сподели!
- Advertisement -