Откриена џиновска структура во вселената

- Advertisement -

Научници од Универзитетот Централен Ланкашир открија џиновска структура во форма на прстен во вселената, која има 1,3 милијарди светлосни години во пречник и изгледа дека е отприлика 15 пати поголема од нашата Месечина, пишува ВВС.

Астрономите оваа појава ја нарекоа “Голем прстен”, а е составена од галаксија и групи галаксии. Тврдат дека е толку голема што го доведува во прашање нашето разбирање на универзумот.

- Advertisement -

Како што велат, не може да се види со голо око затоа што е навистина оддалечена и идентификацијата на сите галаксии од кои е составена би барала многу време и многу моќни компјутери.

Како што вели заменик директорот на Кралското астрономско друштво, Роберт Меси, има се повеќе докази за преиспитување на она што е централна точка на астрономијата.

- Advertisement -

„Ова седма голема структура откриена во универзумот, која е спротивна на идејата дека космосот е празен на подалечни дестинации” вели научникот и додава дека ако тие структури се реални, тогаш дефинитивно тоа е храна за размислување за козмолозите и за веќе освоеното мислење дека вселената еволуирала со текот на времето.

(N1)

Сподели!
- Advertisement -