Меѓународниот монетарен фонд благо ја подигна прогнозата за раст на светската економија годинава, што укажува на зајакнување на личната и јавната потрошувачка, како и на пониски цени на енергенсите и на стоките. .
За годинава ММФ прогнозира глобален економски раст од 3,1%, што е за 0,2% повеќе во однос на прогнозата од есенеска, додека за 2025 година активностите би продолжиле со исто темпо.
За дпоредба, просечниот економски раст на глобалната економија од 2000 до 2019 година беше 3,8 отсто.
Поробрената прогноза е резултат на посилната лична и јавна потрошувачка, и покрај заострените монетарни услови, како и на поголемото активирање на работната сила, а се укажува и на подобрување во синџирите за снабдување и пониски цени на енергијата и стоките.
Ажурираните прогнози покажуваат дена се наѕира меко приземјување,но вкупниот раст и глобалната трговија и понатаму се под историскиот просек, вели главниот економист на ММФ, Пјер Оливие Гуринчаш.
Глобалната трговија треба да порасне за 3,3 отсто во 2024 и за 3,6 отсто во 2025 година, што е значитечно под историскиот просек од 4,9% отсто.
(021)