ВИДЕО: Подводен генератор на струја

- Advertisement -

Меѓу системите за добивање енергија од обновливи извори можеби помалку е познат проектот на финската компанија AW-Energy, која го направи WaveRoller, подводен генеератор кој стои на дното на морето и работи на бранови.

Енергијата од брановите е ајголем неискористен извор на енергија на планетата. Вкупниот теоретски извор на енергија од брановите изнесуа импресивни 30.000 терават-часови годишно и ја надминува комбинираната човечка потрошувачка на електрична енергија. Кога таа енергија би можела да се искористи, тоа би го зголемило уделот на обновливите извори и би ја намалило завиноста од фосилни горива.

- Advertisement -

За разлика од некои обновливи извори, условите на брановите се многу предвидливи, што им овозможува на операторите со мрежите да ги прогнозираат со денови однапред со исклучителна прецизност. Се очекува дека оваа предвидливост, заедно со проширената употреба на претворачите на енергијата од брановите, би осигурала до 10% енергија во ЕУ до 2050 година.

Две години поодоцна беше извадена на инспекција и да се види какви оштетувања има од корозијата од морската вода. AW-Energy е задоволен од тестирањето, кое му помогнло во натамошниот развој нa сстемот.

- Advertisement -

Од 2020 година досега компанијата работи на проектот, поддржан со средства од ЕУ, за прилагодување на WaveRoller и на неговите поврзани делови за сериско производство, како и за поставување на низи од 10 до 24 WaveRoller единици. Овие низи, наречени WaveFarms, ќе се наоѓаат на морското дно на 8 до 12 метри длабочина, не подалеку од 2 км од брегот.

(Vidi.hr)

- Advertisement -

(фото: AW-Energy)

Сподели!
- Advertisement -