Олимписките медали во Париз ќе бидат направени со железо од Ајфеловата кула

- Advertisement -

Во медалите за претстојните олимписки игри во Париз ќе бидат вметнати парчиња железо од Ајфеловата кула, соопштија организаторите. Во секој златен, сребрен и бронзен медал кои ќе ги носат спортистите на Олимписките и на Параолимписките игри во Париз ќе биде вметнато шестоаголно парче железо, кое ќе го земат од Ајфеловата кула.

Тие парчиња ќе тежат по 18 грама и ќе бидат исечени од носачи или од други делови кои се заменети во текот на реновирањето на Ајфеловата кула и моментално се слладирани за чување.

- Advertisement -

„Концептот е усвоен после неколку дискусии. Сфативме дека постои еден симбол познат во целиот свет, а тоа е Ајфеловата кула. Се запрашавме дали може да се добие еден дел од неа и да се вметне во медалите и компанијата се сложи. Навистина ќе има по мал дел од Ајфеловата кула“ вели шефот на дизајн во Организацискиот комитет, Јоаким Ронсан.

Од нив е извадена бојата, исполирани се, лакирани и вметнати во медалите, на кои има ознака „Париз 2024“. На медалите е и логото на игрите, кое изгледа како пламен или како лице на жена со модерна боб фризуриа. Исто така, втиснати се и петте олимписки прстени.

- Advertisement -

Околу железото има дискови од злато, сребро и брозна, кои се направени да ја рефлектираат светлина и да изгледа дека медалите светат. Организаторите велат дека сите метали се рециклирани, а не ископани.

Шестоаголната форма на медалите ја претставува Франција, бидејќи Французите некогаш својата земај ја нареквуале L’Hexagone или шестоаголник, поради нејзината форма.

- Advertisement -

Ќе бидат направени 5.084 медали – околу 2.600 за Олимписките и 2400 за Параолимписките игри, што е веројатно повеќе отколку што е потребно. Некои ќе бидат сочувани, а некои ќе бидат испратени во музеј.

Златните медали се тешки 529 грама, сребрените се тешки 525 грама, а бронзените 455 грама. Медалите имаат пречник од 85 мм и дебелина од 9,2 мм. Организаторите не ја наведуваат вредноста на медалите.

Олимписките игри ќе се одржат од 26 јули до 11 август.

(Bizlife)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -