Teсла сака да ја шири фабриката кај Берлин, жителите се противат

- Advertisement -

Тесла останува на своите планови да ја прошири својата фабрика од 300 хектари во северна Германија, и покрај тоа што жителите на блискиот град го изразија своето незадоволство, пренесува порталот Seebiz.eu.

Жителите на градот Грунхеиде, надвор од Берлин, беа замолени да го кажат своето мислење за плановите на Тесла да додаде складиште за товар, магацини и расадник на компанијата на дополнителни 170 хектари. Треба да се исчистат околу 100 хектари од околната шума за да се направи простор за доградба.

Во анкетата учествуваа околу 5.400 локални жители, од кои 3.499 гласаа против, а 1.882 гласаа за проширувањето. Резултатите беа објавени во вторникот. Гласањето не е обврзувачко, но се смета за важен показател дали претставниците на округот ќе дадат одобрение.

- Advertisement -

„Разбираме дека граѓаните на Грунхајде се загрижени поради планираното проширување на локацијата“, соопшти американскиот производител на електрични автомобили во средата.

„Сè уште сме убедени дека логистичката оптимизација на фабриката е голема придобивка за заедницата. Врз основа на повратните информации што ги добивме во последните недели, ќе ги координираме следните чекори со сите вклучени.

- Advertisement -

Сега останува на локалните власти да одлучат за процесот на изработка на планот за развој.

Сподели!
- Advertisement -