Експериментален лек против сида развиен во вселената

- Advertisement -

Капсулата на мисијата W-1 на американската компанија Varda Space Industries пред неколку дена слета во центарт за тестирање во Јута носејќи со себе необичен товар. Товарот се состои од антивирусни лекови одгледани во вселената во микрогравитацијата на земјината орбита.

Компанијата Vardа е основана во 2000 година од страна на поранешни вработени во SpaceX и други претприемачи од Силиконската Долина, а има цел да ги искористи се пониските трошоци за превоз на вселенски товар. Нивниот фокус е развој на лекови и други производи во вселената, потоа нивно враќање на Земјата со капсули и на тој начин носење на револуција во традиционалните ограничувања на истражувањата во услови на микрогравитација.

- Advertisement -

Според Vardа, микрогравитациската обработка од корен ги менува факторите како што се конвекцијата, седиментацијата и фазата на раздвојување и потенцијално доведува до продолжување на рокот на траење на лекот и поголема ефикасност.

Капсулата W-1 беше лансирана во јуни 2023 година со ракетата Falcon 9 на компанијата SpaceX и помина осум месеци интегрирана со вселенското летало Rocket Lab Photon. Вселенското летало обезбедувало снага, погон и навигација, додека Varda го развивала антивирусниот лек „ритонавир“, кој се користи за лекување ХИВ и хепатит Ц.

- Advertisement -

По враќањето, капсулата оди во лабораторијата на Vardа во Лос Анџелес на анализа, додека „ритонавир“ го испраќаат на нивниот комерцијален партнер. Varda се подготвува за своето второ ласнирање ова лето, повторно користејќи го леталото Photon.

(Universe Today)

- Advertisement -

(фото: Free Images Live)

Сподели!
- Advertisement -