Швајцарија изгласа воведување на 13-та пензија

- Advertisement -

На референдумот во неделата Швајцарија гласаше за зголемување на сумите за пензии за најстарото население. Тоа е резултат на загриженоста поради покачените трошоци за живот и со цел поддршка за посилна социјална грижа.

Според официјалните резултати, објавени од страна на владата, над 58% од гласачите гласале за екстра пензија, односно 13-та пензија секоја година, а помалку од 42% биле против.

- Advertisement -

Оваа нова мерка, којја ја предложија Швајцарската трговска унија и левичарските партии, требаше да ја поддржи и мнозинството од вкупно 26 швајцарски кантони за да биде усвоена. Повеќето од кантоните ја поддржаа мерка, со исклучок на кантоните кои имаат пониски даноци.

Владата, бизнис лобистите и парламентот, кој моментално е понаклонет на левицата, го одбија предлогот со образложение дека е финансиски неиздржллив. Швајцарските гласачи во минатото беа многу внимателни при усвојувањето мерки кои се сметаатз а ризични за бизнисите.

- Advertisement -

Оваа мерка за дополнителна пензија е во спортивност на референдумите изминатите децении на кои Швајцарците одбија предлози за пократка работна недела и повеќе одмори. Но, грижата поради се повисоките трошоци на живот резултираше со вакво гласање. Имено, Цирих заедно со Сингапур се најскапите градови за живот во светот според анализата која во номеври минатата година ја објави Economist Intelligence Unit.

Не е јасно како ќе се финансира оваа мерка, која треба да стапи на сила во 2026 година. Противниците на мерката велат дека ова може да резултира со покачување на даноците или кратење на трошоците и младите Швајцарци може најсилно да ги почувствуваат ефектите.

- Advertisement -

Минималната пензија во Швајцарија е 1.225 швајцарски франци или 1.275 евра месечно, а највисоката е 2.450 франци или 2.550 евра. За брачните парови во пензија максималната пензија е 3.675 франци или 3.824 евра.

(Reuters)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -