Откриена планета која е прекриена со врели океани

- Advertisement -

Астрономи открија оддалечена планета која може да биде прекриена со глабоки океани, пренесува The Guardian. Опсервациите кои ги направи вселенскиот телескоп James Webb, открија водена пареа и хемиски потпис на мета и јаглерод диоксид во атмосферата на егзопланетата, која е двапати поголема од Земјата и се наоѓа на околу 70 светлосни години од нас.

Ваквата хемиска мешавина е во склад со водените светови каде што океанот би ја покривал целата површина и атмосфера богата со водород, велат истражувачите од Универзитетот Кембриџ. Океанот би можел да има дури 100 степени Целзиусови и дури и повеќе од тоа. На висок атмосферски притисок таквиот океан би можел да биде течен, но не се знае дали би бил населлив со живот, вели професорот Ник Мадхусудан, кој ја предводел анализата.

- Advertisement -

Ваквиот заклучок е објавен во списанието Astronomy and astrophysics letters, но го оспорува канадски тим, кој направил дополнителни опсервации на таа егзопланета, наречена TOI-270d. Тие утврдиле дека постојат истите атмосферски хемикалии, но се сомневаат дека планетата би била премногу топла за да има течна вода, затоа што проценуваат дека температурата таму е околу 4.000 степени Целзиусови.

(021)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -