Откриена најстарата мртва галаксија во светот

- Advertisement -

Научници открија галаксија која престанала да создава нови ѕвезди пред над 13 милијарди години, што ја прави најстарата мртва галаксија кога било откриена.Ова откритие е направено со вселенскиот телескоп James Webb и може да ги смени нашите сфаќања за раниот универзум.

Истражувањето го спровел меѓународен тим од научници, на чело со Тобијас Лусер од Институтот Кавил при Универзитетот Кембриџ. Во истражувањето учествувал и Италијанецот Стефано Крнијани од Skuole Normale Superiore di Piza, а е објавено во списанието Nature.

- Advertisement -

„На галаксиите им е потребна богата залиха на гас за формирање на нови ѕвезди, а раниот универзум бил богат како бифе“, вели Лусер.

Меѓутоа, според податоците на телескопот Webb, древната галаксија имала краток живот и создавала ѕвезди меѓу 30 и 90 милиони години, а потоа стопирала. Постојат неколку можни причини за тоа, но најверојатно е присуството на голема црна дупка, која вовлекла најголем дел од меѓуѕвездениот гас во себе, отстранувајќи ги суровините потребни за формирање на нови ѕвезди.

- Advertisement -

Тоа вообичаено се случува во новите ери, додека новооткриената галаксија датира само 700 милиони години после Големата експлозија.

(N1)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -