ВИДЕО: Дубаи набавува повеќе од 100 летачки автомобили

- Advertisement -

Компанијата Avitera од Дубаи нарачала над 100 летачки автомобили кои ќе ги превезуваат жителите од светската престолниа на лукзусот кога ќе бидат во употреба до 2025, најдоцна до 2026 година. Автомобилите со две седишта, кои можат да се движат по земја, но и по потреба да се претворат во летачки, холандската компанија PAL-V ќе ги направи и ќе ги испорача во Дубаи.

Нарачател е компанијата-ќерка на Jetex, Avitera, која има план на жителите наЕмиратите да и понуди решение за лесно патување до саканите дестинации. Од Aviterа велат дека станува збор за автомобил кој може да се паркира на обичен паркинг.

- Advertisement -

„Ќе можете да го возите по копно како обичен автомобил и да го претворите во летачко возило за 2 минути. Потребна му е писта, односно 120 метри за да може да полета и да се искачи до максимални 3.400 метри. По слетувањето може да се вози како нормален автомобил. Ќе користи гориво кое се користи за обичните автомобили“ велат од Avitera.

Автомобилите ќе бидат од моделот PAL-V Liberty, кој има досег од 500 км и масимална брзина од 180 км на час.

- Advertisement -

Неодамна Дубаи потпиша договор со американската компанија Joby Aviation за во наредните шест години да управува со секторот за воздушни такси возила. Новите летачки автомобили на почеток ќе се користат за приватна и државна употреба. Но, пред тоа идните возачи, односно пилоти ќе треба да поминат посебна обука во траење од неколку месеци.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Wkimedia)

Сподели!
- Advertisement -