Нови истражувања на американската вселенска агенција НАСА укажуваат на тоа дека намаленото присуство на мали честички чад, прашина и гасови ослободени од индустриката активност придонесуваат за 40% поголемо загревање на планетата, пренесува научниот портал Communications Earth & Environment.
Од НАСА нагласуваат дека низ почистата атмосфера сончевите зраци поврзо и полесно продираат и влијаат на растот на температурите на површината на Земјата. Ова мислење на научниците ебазирано на десетгодишни резултати од испитувања добиени со помош на уредот CERES (Clouds and the Earth’s Radiant Energy System).
Податоците од тие сателити, кои се лансирани во земјината орбита уште во 2001 година, сведочат дека намалувањето на количината на аеросоли во воздухот доведува до поголема проѕирност на воздушната обвивка и значително поголемо загревање на планетата отколку загревањето предизвикано од гасови како јаглерод диоксид, озон и метан, кои се главните виновници за ефектот на стаклена градина.
Научниците наведуваат дека иако спаѓаат во загадувачи, присуството на аеросоли во атмосферата ја зголемува моќчта за рефлексија на сончевите зраци, кои во тој процес се одбиваат и не допираат до површината на Земјата, туку се враќаат назад во вселената.
Климатолозите веќе подолго време знаат дека сите загадувачи на атмосферата не влијаат еднакво на климатските промени, но ова најново истражувањее едно од првите кои укажуваат на тоа дека ситните аеросоли играат битна улога во одбивањето на сончевите зраци, односно за намалување на загревањето.
Тие честички, како што се наведува,поттикнуваат поголемо создавање водени честички во облаците, што ги прави погусти и посветли, така што поголема количина сончева енергија се одбива од нив. Истовремено, таквото загадување придонесува густите формации од облаци да се задржуваат подолго време во атмосферата, што исто така придонесува за ефект на намалено загревање.
(N1)
(фото: Pixabay)