Instagram најави нова опција која е наменета за малолетните корисници, пред се поради нивна заштита од т.н. sextortion или сексуално уценување. Станува збор за фотогеафии со експлицитни, односно најчесто разголени фотографии, чиј број постојано расте последните години. До таквите уцени на Instagram најчесто доаѓа откако малолетници разовараат со некого онлајн и преку различни апликации добиваат разголени фотографии, па потоа и од нив се бара да испратат такви фотографии.
Но, испраќањето такви фотографии, најчесто на луѓе кои лажно се претставуваат, честопати води до вистински пекол. Имено, тогаш почнуваат уцените дека тие фотографии ќе им ги испратат на родителите или пријателите на малолетниците, односно дека ќе ги објават на интернет во случај да не продолжат да им испраќаат разголени фотографии или пари.
За жал, во некои случаи тавите уцени се завршуваат трагично, односно со самоубиства на малолетниците, па затоа е многу битно да се едуцираат младите и да им се дадат опции на социјалните мрежи со кои ќе се спречи таквиот вид на уцена.
Од Instagram најавија дека наскоро ќе почнат со тестирање на таквии опции со кои сакаат да спречат таков вид на уцена, а вклучуваат заштита од голотија. Новата алатка на Instagram ќе ги замати голите фотографии кои се испраќаат преку директни пораки и таа опција ќе биде автоматски активирана за сите малолетници.
Системот за заштита од голотија користи вештачка интелигенција на корисниците уреди за препознавање на голите фотографии во директните пораки. Луѓето постари од 18 години можат сами да ја активираат таа опција ако не сакаат да примаат разглени фотографии од други корисници.
Кога системот ќе препознае дека корисници испраќаат голи фотографии, ќе ги упати на советите за безбедност кои предупредуваат дека примателите на тие фотографии можат да направат слика од целиот екран и потоа тие фотографии да ги испратат до други луѓе. Исто така, Instagram ќе применува и мерки за препознавање на лицата кои може да се уценувачи. Во тој случај ќе им ја отежнува можноста да стапат во контакт со користење на тактика наречена sextortion.
(021)
(фото: Pixa Hive)